Црна хроника
Притворен тетовец кај кого било најдено оружје за кое нема дозвола
Полицијата привела 25-годишен тетовец, откако при преглед на неговото возило било пронајдено оружје, за кое немал дозвола.
„На 25.2.2021 во 21.15 часот на ул. Видое Смилевски Бато во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И.(25) од с.Желино, Тетовско, затоа што при преглед во неговото возило ‘ауди’, со тетовски регистарски ознаки, бил пронајден и одземен пиштол ‘ЕКОЛ 99’-9 мм, за кој немал дозвола“, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.