Црна хроника
Притвор за лице кај кое се пронајдени пиштол и муниција

Поднесено обвинение против едно лице кај кое по спроведена истрага се пронајдени пиштол и муниција, информираат од скопското јавно обвинителство.
Обвинетиот, на 1 февруари во селото Горно Количани, во автомобилот неовластено држел пиштол марка „црвена застава М 70А“ со калибар 9 мм Para, со две рамки и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени под возачкото седиште во автомобилот.
„Лицето е приведено а јавниот обвинител до Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот 27-годишник, за кого се оценува дека сè уште би можел да се даде во бегство или да го повтори делото“, додаваат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен дилер од Кумановско

Полицијата привела 36-годишен жител на с.Табановце, кај кого била пронајдена дрога.
„Денеска полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Ј.(36) од с.Табановце, затоа што при извршена контрола во патничко возило ‘форд фокус’, со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени прашкеста материја и марихуана“, соопшти МВР.
Лицето е приведено и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Наместо да седи во домашна изолација, гостиварец тргнал за Швајцарија

Против 42-годишен жител на гостиварското село Неготино поднесен е предлог за казна за кривично дело непостапување според здравствените прописи.
Обвинетиот, кому со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација во траење од 20 дена, на 18 февруари остварил излез од државата преку граничниот премин Табановце и се упатил кон Швајцарија.
Надлежниот јавен обвинител му предложил на судот да определи глоба за 42-годишникот, кој не ги почитувал здравствените мерки.
Црна хроника
Обвинение против гостиварец кој четири години не плаќал данок на доход

Гостиварското Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице, кое се товари за кривично дело даночно затајување.
Како што информираат од Обвинителството, во периодот од 2014 до 2018 година обвинетиот одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход.
Во наведениот период остварил приходи од 38.939.778 денари, но не ги навел во даночните пријави, со што затаил персонален данок на доход во износ од 713.895 денари на штета на државниот буџет.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш