Контакт

Топ

Притвор за неготинецот кој со боксови ја претепал партнерката која по ударите паднала во кома

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донело наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Неготино за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Имено, вчера, на 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш-кабината во бањата.

Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднел предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи оценил дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​

Економија

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Објавено пред

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за време на пандемијата, а тоа што институциите немаат целосни податоци колку пари досега се вратени во буџетот, ќе резултати со намалени приходи од 23 милиони евра во државниот буџет, откри ревизијата за Државниот завод за ревизија.

dobivaj vesti na viber

Според анализата на ревизијата, работодавците и физичките лица корисници на мерките за субвенционирање придонеси и исплата на плати вратиле само 29 % од пресметаната обврска за враќање, што како ефект има помалку вратени средства во буџетот во износ од 16 милиони евра.

Дополнително, поради тоа што не е предвиден начин на контрола и враќање на доделените средства за еднократна финансиска поддршка на физички и правни лица од одделни дејности, ревизорот смета дека постои ризик правните субјекти што не ги исполниле условите да не ги вратат средствата во буџетот во износ од седум милиони евра.

„Наведените состојби предизвикуваат намалени буџетски приходи во вкупен износ од 1.437.005 илјади денари, односно околу 23 милиони евра“, се вели ревизорскиот извештај.

ДЗР изврши ревизија на преземените мерки и политички за поддршка на вработувањата и професиите погодени од економската криза предизвикана од Ковид-19, а извештајот дава одговори дали мерките биле ефикасни креирани, реализирани и контролирани од институциите.

„Со ревизијата ги опфативме планирањето и реализацијата на шесте пакети економски мерки донесени од Владата на РСМ во 2020 и 2021 година во делот на мерките за финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување, финансиска поддршка на работодавците за исплата на плати, финансиска поддршка за физички лица што вршат самостојна дејност, паричен надоместок за сите лица што останале без работа од 11 март до 30 април 2020, како и мерки за поддршка на професиите погодени од здравствено економската криза – поддршка за спортистите, самостојните уметници и културните работници. Со оваа ревизија на успешност опфативме 36 % од вкупно планираните средства за 2020 и 2021 година преку владината програма ‘П-мерки за справување со ковид-кризата’, што претставува 12.637.534 илјади денари (околу 205 милиони евра), од кои реализирани се 11.512.447 илјади денари“, велат од Државниот завод за ревизија.

Нецелосните податоци за бројот на работодавци што ја исполниле или не ја исполниле обврската за враќање на финансиската поддршка во утврдените рокови и како ефект има помалку вратени средства и остварување помали приходи во буџетот.

Со извршената ревизија е утврдено дека постои висок степен на реализација на опфатените мерки за финансиска поддршка за исплата на плати и поддршка на професиите, но и дека постојат и разлики во податоците за број на корисници и одобрени или исплатени средства на корисниците што се презентираат од разни
надлежни институции.

„По спроведената реализација на мерките за финансиска поддршка на работодавците за исплата на плати, УЈП има утврдено дека одреден број работодавци – корисници на поддршка им немаат исплатено плата на вработените. Бројот на работодавци што не исплатиле плата до јануари 2022 година изнесува 135 за вкупно 435 вработени за износ на искористена поддршка од 6.317 илјади денари, што како ефект има ненаменско располагање со доделената финансиска поддршка. Ненавременоста и малиот опфат на спроведени теренски контроли од 0,53 % од доделениот износ на финансиска поддршка, начинот на избор на работодавци за контрола, како и недоволната кадровска екипираност на институциите, создаваат ризик дека некои од работодавците искористиле средства од финансиската поддршка, без исполнување предвидени услови со уредбите и законите“, открива извештајот.

Орце Костов

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Објавено пред

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести.

dobivaj vesti na viber

„Во врска со пациентот што се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница, станува збор за суспектен пациент, кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање“, се додава во информацијата од Клиниката за инфективни болести.

Во моментот, појаснуваат од таму, се организира епидемиолошки тим, кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.

„До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници“, е нагласено во соопштението.

Прикажи повеќе...

Европа

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Објавено пред

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“ во средата.

dobivaj vesti na viber

„Политичката практика покажа дека позициите на Германија и Франција се поважни од сите други“, напиша Моравјецки за германскиот весник повикувајќи на пристап што повеќе се заснова на консензус.

„Значи, постои формална демократија и де факто олигархија во која власта ја имаат најсилните“, тврди тој додавајќи дека мора да се бори против империјализмот на ЕУ, како и против рускиот империјализам.

Премиерот, чија националистичка партиска влада на Право и правда (ПиС) постојано се судри со Брисел за прашањата за владеење на правото, рече дека руската инвазија на Украина го привлече вниманието на недостатоците на ЕУ.

Тој повика на „длабока реформа што ќе ги врати општото добро и еднаквоста во првите редови на принципите на унијата“.

Полска во вторникот соопшти дека ќе ѝ возврати на Европската Унија доколку не ѝ плати средства наменети за закрепнување од пандемијата откако Брисел го сигнализира своето незадоволство од најновите судски реформи во Варшава.

Повеќе од 35 милијарди евра се ставени во мирување поради спорот меѓу Брисел и Варшава за судските реформи за кои ЕУ тврди дека ги крши демократските стандарди.

Европската комисија одобри средства за Полска во јуни, но шефицата на тоа тело, Урсула фон дер Лаен, за време на нејзината посета на земјата рече дека има уште работа за владеењето на правото, пренесе „Н1.хр“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 часа

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија5 часа

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа5 часа

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...

Свет5 часа

Хаос на аеродром во Париз, маж се заканувал со нож, полицијата го убила

На парискиот аеродром „Шарл де Гол“ полицијата отворила оган врз маж вооружен со нож, јавува BFMTV повикувајќи се на неименуван...

Македонија7 часа

Гори борова и дабова шума во Охридско

Сè уште е активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гори борова...

Свет7 часа

Кина најави нулта толеранција за сепаратистичките активности на Тајван

Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во...

Свет8 часа

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим,...

Свет8 часа

Јенс Столтенберг: Србија со години е близок партнер на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека Северноатлантскиот сојуз е долгорочен и близок партнер со Србија велејќи дека партнерството...

Свет8 часа

Русија: Од почетокот на август од Украина се извезени 370.000 тони храна

Над 370.000 тони храна се извезени од украинските пристаништа во 12 брода од почетокот на август, изјави шефот на рускиот...

Свет8 часа

Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, а осум се повредени

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното Министерство за здравство. „Бројот на...

Свет21 час

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска...

Свет22 часа

Поранешен шеф на кампањата на Трамп: Споделив доверливи информации со Русите

Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година, призна дека споделил доверливи...

Македонија23 часа

МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник...

Македонија1 ден

Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Економија1 ден

ССМ: Вредноста на минималната синдикална кошничка во јули 2022 е 47.042 денара

Вредноста на синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за јули изнесува 47.042,00 денара и не може да...

Македонија1 ден

МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи

„Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови заемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека...

Регион1 ден

Румен Радев: Изборите на 2 октомври треба да произведат стабилно и одговорно мнозинство

„За сите од најголема важност е овие избори да дадат одговорно мнозинство. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива...

Свет1 ден

Градоначалникот на Нагасаки: Нуклеарното оружје е реална и присутна закана

Нуклеарното оружје е реална и присутна закана откако Русија ја нападна Украина, изјави денеска градоначалникот на Нагасаки на 77-годишнината од...

Свет1 ден

Зеленски со порака до Западот: Забранете им на Русите да влезат, нека живеат во свој свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите руски граѓани. Во интервју за „Вашингтон...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски скриен во глувчешка дупка молчи додека во Бугарија се спремаат нови услови и барања за Македонија

„На повидок нов дебакал на предавничката влада предводена од Димитар Ковачевски во дипломатијата. Повторно нови услови и нови документи од...