Црна хроника
Притвор за ограбувачот на поштата во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д. С. (38) од Охрид поради разбојништво. Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е префрлен во казнено-поправна установа во Скопје.
Тој на 14.5.2020 година во 12.10 часот влегол во просторијата на акционерското друштво ,,Македонска пошта“, лоцирана на улицата Никола Карев во Охрид, и со употреба на остар предмет и закана од вработените ги побарал парите од прометот. Околу 12.30 часот тој е пронајден и приведен, а исто така и парите и користениот предмет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка измамила странец: му дала клуч од туѓ стан, тој и’ платил без да го види, па не можел да отклучи

21-годишник од Република Турција пријавил во полицијата дека бил измамен од женско лице од Скопје.
Според пријавеното, откако на 29 ноември на социјалната мрежа Фејсбук видел дека жената изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба.
Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. Според пријавеното, на 2 декември тој отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Средовечна жена од Валандово го нападнала сопругот, полицијата ја приведе

Полицијата доцна синоќа во Валандово приведе 50-годишна жена од градот затоа што физички го нападнала нејзиниот сопруг.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Црна хроника
Охриѓанец заврши во полицијата поради сомнеж дека со автомобилот удрил во сограѓанин по расправија

Со охриѓанец бил извршен службен разговор во текот на вчерашниот ден поради сомнеж дека со автомобилот намерно удрил во сограѓанин.
Од МВР велат дека се работи за 45-годишен маж од Охрид за кој постои сомнеж дека во градот, по претходно недоразбирање, со неговото возило го удрил Д.Т.(22) .
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.