Црна хроника
Притвор за скопјанец кој во Сарај подметнал пожар во автомобил „голф 5“
Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против едно лице поради сомневање дека сторил кривично дело – тешки дела против општата сигурност.
На 10 февруари, во раните утрински часови, осомничениот 45-годишник со пожар предизвикал значителна опасност.
Тој зел пластична туба и од бензинска пумпа во Ѓорче Петров наточил бензин, па преку мостот се упатил кон Сарај, каде бил паркиран автомобил „голф 5“, сопственост на оштетениот.
Кога дошол до паркираното возило, истурил дел од бензинот врз возилото и пластичната туба ја ставил под возилото кај совозачката врата.
Потоа облекол црни волнени ракавици, ја натопил едната ракавица во бензинот, со запалка ја запалил волнената ракавица и ја фрлил кон бензинот што истекувал.
На тој начин предизвикал пожар кој се распламтил и го зафатил целиот автомобил. Притоа возилото во целост изгорело и со тоа за оштетениот настапила голема имотна штета во вредност од 365.000 денари.
По предлог на јавен обвинител за осомничениот е определен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

