Црна хроника
Притвор за Турчинка што сакала да прошверцува златен накит од над 11 милиони денари
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истрага против 27-годишна државјанка на Турција поради шверцување златен накит во вредност од над 11 милиони денари.
Како што информираат од Обвинителството, осомничената на 18 декември, околу 20 часот, на аеродромот во Скопје, избегнувајќи ја царинската контрола, пренела непријавена стока – накит од бело злато, и тоа дваесет и едно парче со вкупна тежина од 380,50 грама, кои имаат вредност од 11 милиони и 106 илјади денари.
Кога пристигнала со лет од Истанбул, таа се упатила кон излезот на преминот каде што поминуваат патници што немаат стока за пријавување. При селекцијата од страна на царинскиот службеник и преглед на личниот багаж била пронајдена непријавената стока.
Дваесет и седумгодишната Турчинка се товари за сторено кривично дело шверцување.
Јавниот обвинител што постапува во предметот оценил дека се исполнети законските основи, па доставил предлог за определување мерка притвор за осомничената. Основниот суд Скопје 1 го прифарил предлогот и против осомничената определил притвор во времетрење од триесет дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

