Контакт

Црна хроника

Пријава за референт од шумско стопанство – извршил погрешна маркација на парцела за сеча на дрва

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.П.(46) од Вевчани поради „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во април и август 2018 година пријавениот, како референт за превоз во Подрачно шумско стопанство Јабланица, изработил две одобренија за сеча во парцела во приватна сопственост, при што не ја утврдил точната локација на парцелата и извршил маркација за сеча на 30 м3 дрва на друга парцела, сопственост на С.Т. од Охрид, за која истиот немал дадено согласност за сечење на дрва. Со ова, пријавениот на С.Т. му нанел штета од 210.000 денари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Полициски „лендровер“ излетал кај Маврово, тешко повреден еден полицаец

Објавено пред

На регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во попладневните часови на 1 април, полициски службеник, управувајќи полициско возило „лендровер“, сопственост на МВР, изгубил контрола и излетал од патот.

По незгодата двајца полицајци се пренесени во гостиварската болница, каде на едниот му се констатирани тешки повреди, а другиот е полесно повреден.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Полициската станица Гостивар.

 

 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во тепачка во кумановскиот затвор тешко повреден 30-годишен затвореник

Објавено пред

Вработен во затворот „К’шање” во Куманово во вечерните часови на 1 април пријавил дека дошло до физичка пресметка помеѓу двајца затвореници.

Во тепачката учествувале 30-годишен затвореник од село Ропаљце, Липково и 25-годишен кумановец.

Во пресметката настрадал 30-годишникот кој бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде му биле констатирани тешки повреди.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид во затворот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кочанка на „Фејсбук“ напишала лажна објава дека има коронавирус

Објавено пред

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против 23-годишна девојка од овој град поради постоење сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, пријавената на 31 март годинава, во 16.14 часот, на својот фејсбук-профил објавила лажна вест дека е заразена со коронавирус и ги повикувала сите што биле во контакт со неа да се тестираат на Ковид-19 иако и самата не била тестирана.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија2 часа

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија3 часа

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија3 часа

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија4 часа

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ5 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет6 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет6 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија7 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија7 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија7 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион8 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет8 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија9 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет9 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава9 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет11 час

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија22 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија22 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија1 ден

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Досие