Топ
Пронајдена дрога и ножеви во угостителски објекти во Скопје – приведени седуммина

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност викендов (17, 18 и 19 февруари) постапувајќи по претходно изготвен план на БЈБ за контрола на угостителски објекти во Скопје, извршија контроли во 18 угостителски објекти.
При тоа приведени се три лица, кај кои е пронајдена прашкаста материја и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по член 215 од КЗ.
Четири лица се приведени затоа што кај нив биле пронајдени ножеви и против нив ќе бидат поднесени пријави по член 80 од Законот за оружје.
Ваквите контроли продолжуваат и во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кочоска Димитриеска: СДСМ е здружена криминална банда со ДУИ

„Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени пари на граѓаните на Република Македонија и најголем дел од нив преку таа прослава и исвиркувањето на некој начин се навредени нашиот идентитет, нашиот јазик“, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на новинарско прашање за немањето осуда од страна на власта за исвиркување на македонскиот јазик за време на прославата за Рамковен.
Димитриеска Кочоска која присуствуваше на присуствуваше на протестот на оризопроизводителите во Оризари посочи како да очекуваме да не почитуваат нашите соседи, кога самите не се почитуваме и додаде дека СДСМ не го осудува ова однесување затоа што треба да си го осудат коалициониот партнер со кој се заедно во криминалите.
„Треба да излезат и да го критикуваат коалициониот партнер, а тоа е ДУИ. Но тоа е една здружена криминална банда која заради криминал и корупција ќе ги премолчи сите работи. Оттука министерката за култура нема храброст да искоментира што било“ рече Димитриеска-Кочоска.
Македонија
Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се наведува во ставот на бугарската Национална платформа „За Македонија“ во која членуваат бугарски професори – историчари и лингвисти.
Оттука предлозите на историската комисија ги оценуваат како победа за бугарската историска наука. Велат дека колегите во Скопје официјално го препознале очигледното, кое и тие многу добро го знаеле.
„Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот крстител Борис-Михаил го шират својот збор низ целото бугарско кралство, Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во детските учебници во Северна Македонија“, велат бугарските историчари.
Сметаат дека кон победата придонела посетата во јуни на Европскиот парламент во Стразбур на говорниците на Националната платформа „За Македонија“ професорите Николај Овчаров, Ана Кочева, Пламен Павлов и Спас Ташев, претставници на Бугарската академија на науките и Универзитетот Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“.
„Ќе потсетиме дека токму во тоа време се слушаа гласови од владата на Четирикратната коалиција дека ‘доста е со оваа историја’, ‘да им свртиме грб на историските проблеми’ итн. Но, нашите гласови се слушнаа и беа вградени во т.н. француски предлог, прифатен во двете земји. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме да ги браниме бугарските интереси во споровите за јазикот и за личности како браќата Миладиновци и Гоце Делчев“, наведуваат тие.
Регион
Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка состојба, но нивните животи не се загрозени.
Оваа информација за бугарските медиуми ја потврдил директорот на оваа здравствена установа, Валентин Димитров.
Децата сè уште се во тешка состојба, моментално се на одделението за интензивна нега и екипите на „Пирогова“ ги спроведуваат сите протоколи неопходни за одржување на нивната состојба, изјавил за новинарите извршниот директор на болницата Валентин Димитров, пренесува „БТА“.
„Нема директна опасност по животот на децата, но нивната состојба не е лесна. Имаме организација, сите тимови, детска трауматологија, неврохирургија, кардиологија, се подготвени да бидат достапни доколку има потреба. Сите структури од Пирогово се достапни, така што имаме целосна соработка со Министерството за здравство и со целата држава. Во моментов не ни треба ништо конкретно“, рекол Димитров и посочил дека единствено што е потребно во моментов е време.
Двете деца кои беа тешко повредени во Бугарија, во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во саботата вечерта, вчера се пренесени од болницата во Стара Загора во болницата во Софија.
По долга операција, едно дете вчера помирно ја поминало ноќта, а утрово лекарите ќе му направат уште две операции кои се неопходни за подобрување на неговата состојба.
Димитров не прецизирал точно кои операции ќе бидат направени, бидејќи, како што навел, прво треба медицински да ја проценат состојбата на децата од страна на детските трауматолошки екипи.
Осум деца и четворица возрасни се повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија, кога автобус од Србија, кој превезувал деца и возрасни на фолклорниот ансамбл Ју-Лира од Батајница, се превртел на автопатот Тракија.