Црна хроника
Пронајдена марихуана кај три лица, меѓу нив еден малолетник

Полицијата во текот на вчерашниот ден направи повеќе претреси во Скопје. Кај три лица, во Карпош и Центар, била пронајдена марихуана. Ова е причината поради која тие биле уапсени. Меѓу нив има и малолетник.
„На подрачје на Центар, полициски службеници ја лишиле од слобода А.Д.(19) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. На подрачје на Карпош, полициски службеници лишиле од слобода 17 – годишен малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, соопштија од МВР.
Истиот ден, вечерта, имало уште едно апсење, стои во полицискиот билтен.
„На подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Д.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, додаваат од МВР.
По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази пешакот, мотоциклистот избега.
Од МВР информираат дека денеска во полициска станица е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01 јули околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што избегал.
Од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, соопшти МВР.
Црна хроника
Возел со 2,54 промила алкохол во крвта и поминал на црвено светло: уапсен маж од Кавадаречко

Утрово во 05.40 часот, на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко.
На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта.
В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Бил затекнат додека палел сува трева: уапсен кумановец

Синоќа во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на ул. „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а Ш.А. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.