Црна хроника
Пронајдени 13 мигранти во „ауди 8“ кај Сарамзалино
Полицијата пронашла 13 мигранти во возило „ауди а8“ во близина на с. Сарамзалино, општина Лозово.
Претходно, полицајците го забележале возилото како поминало покрај нив со голема брзина. Набргу возилото било пронајдено со мигрантите во него.
„На 4.6.2021, околу 6.30 часот, на клучката кај Велес, во правец на Свети Николе, полициски службеници забележале патничко возило ‘сеат алтеа’, со скопски регистарски ознаки, за кое постоеле сознанија дека е претходница во случај на шверцување мигранти. Откако тргнале по возилото, полициски службеници забележале друго возило ‘ауди а8’, без регистарски ознаки, кое поминало покрај нив со голема брзина. Набргу возилото ‘ауди’ било пронајдено во близина на с. Сарамзалино, општина Лозово, и во него биле пронајдени 13 лица мигранти од Пакистан“, соопшти МВР.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негова насока, некои од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Гази Баба, а други во транзитниот центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

