Топ
Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина
Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце, на патот кон планинскиот врв Кобилица, забележале безживотно машко тело.
Екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина со хеликоптер на МВР се упатиле на местото и извршиле увид, при што била констатирана смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција. При увидот било утврдено дека, најверојатно, станува збор за 32-годишниот сириски државјанин М. Р., кој поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија, а кој на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен како исчезнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кочани по трагедијата во Швајцарија: „Со вас сме, не како набљудувачи, туку како родители што ја носат истата рана“
Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во швајцарски бар, наведувајќи дека веста за трагедијата повторно ја разбудила болката што никогаш не заминала.
„Веста нè врати таму каде што болката никогаш не замина — во моментот кога животот засекогаш се подели на ‘пред’ и ‘по’. Ние, семејствата на починатите во пожарот во ‘Пулс’ – Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот“, наведуваат тие.
Во пораката истакнуваат дека ја познаваат болката кога ќе остане столче, тишината што зборува погласно од зборовите и тежината на секој здив.
„Нашите мисли, молитви и срца се со семејствата на загинатите, со повредените и со сите кои ја носат оваа незамислива болка. Од срце сме со вас — не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана“, порачуваат тие.
Пораката е објавена на Фејсбук, со апел дека во вакви моменти најважни се човечноста, солидарноста и подадената рака, како потсетник дека никој не треба да биде сам во болката.
Свет
(Видео) Објавена снимка од почетокот на пожарот: таванот гори, едно момче се обидува да го изгаси
Видео кое прикажува обид за гаснење на пожарот што се прошири низ таванот на барот Le Constellation во Швајцарија се прошири низ социјалните мрежи.
#CransMontanaFire: Tragedy strikes at Swiss ski resort! Fire at Le Constellation bar kills 40, injures 115+ during New Year’s bash. Police rule out terrorism, investigation underway. Emergency services rush to scene. #SwitzerlandBlast #Switzerland pic.twitter.com/BWLirDV868
— Lokmat Times Nagpur (@LokmatTimes_ngp) January 2, 2026
По пожарот во Кран-Монтана, болниците во регионот продолжуваат да бидат под притисок.
Матијас Рејнард, претседател на кантонот Вале, утрово за швајцарското радио изјави дека многу вработени дошле на работа на слободен ден за да помогнат и дека се водат разговори за доведување дополнителни специјалисти за изгореници од Франција.
Швајцарски функционер предупреди дека бројот на жртви во пожарот може да се зголеми.
Стефан Ганцер, шефот за безбедност на кантонот Вале, каде што се наоѓа ски-центарот, изјави за француското радио RTL: „Околу 100 повредени се во критична состојба. Бројот на жртви е ужасен и може да се зголеми“.
Досега неофицијално бројот на жртви е 47.
Топ
Почина двегодишно дете повредено на новогодишната ноќ, обвинителството нареди обдукција
Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, утринава почина на клиника во Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во однос на случајот е издадена наредба за обдукција на телото, со цел целосно расветлување на причините и околностите под кои настанала трагедијата.
Според досегашните сознанија, детето било надвор со својата мајка, каде присуствувале на новогодишна прослава и огномет, кога било погодено од метален проектил, за кој се сомнева дека станува збор за залутан куршум.
Засега нема официјални информации за локацијата на несреќата.

