Црна хроника
Пронајден хероин во Гостивар

Речиси 110 грама хероин се пронајдени при претрес во домот на 37-годишна жена од Гостивар.
По преземените мерки од страна на инспектори од надворешната канцеларија за криминалистички работи, таа е приведена.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Четворица тинејџери се тешкo повредени во сообраќајна несреќа во Визбегово

Автомобил и два мотора се судрија синоќа во Визбегово, пришто со тешки повреди во болница завршија четири млади лица кои немаат ниту 20 години, а се превезувале со моторите.
Во несреќата учествувал автомобил управуван од Н.Х.(26) од Скопје.
Со едниот мотоцикл управувал Ј.З.(18), а со другиот 16-годишник – двајцата од Скопје. Тие биле во друштво на сопатници на возраст од 19 и 15 години. Четворицата со тешки телесни повреди се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Приведена Албанка која илегално престојувала во Македонија

Полицијата вчера ја приведе Е.Л.(46) од Република Албанија, поради илегален влез во Македонија, а која од претходно имала забрана за влез во државата.
Во Основниот суд Тетово изречена ѝ е безбедносна мерка протерување на странец од РСМ со забрана за повторно влегување во времетраење од една година.
Од МВР информираа дека таа потоа била депортирана и предадена на пограничните органи на Република Албанија.
Црна хроника
Претрес во Битола, запленет амфетамин, приведено едно лице

Полицијата вчера извршила претрес во домот на Б.Ш.(28) од Битола, при што бил пронајден и одземен амфетамин.
Битолчанецот е приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер