Црна хроника
Пукање пред поранешна Градска болница во Скопје

Пред хируршката болница „Св.Наум Охридски“, поранешна Градска болница, попладнево се случило пукање, а има повредени лица.
Болницата е опколена со полиција откако засега непознато лице влетало со автомобил „голф 5“, извадило пиштол и пукало.
Моментално се врши увид. Пред болницата е оставен автомобилот кој е со искршено задно стакло и видно оштетено, а веднаш до него е и пиштолот, кој неофицијално бил употребен.
Поради увидот, пристапот до болницата е забранет.
Пукањето пред болницата се поврзува со семеен настан каде исто така било употребено оружје, а се случил во скопско село попладнево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ја претепал сопругата во ноќен клуб: уапсен охриѓанец

Утрово во 09.15 часот, од слобода е лишен С.Г.(35) од Охрид.
Тој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга.
Полицијата соопшти дека против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Мотоциклист усмрти пешак во Скопје

Седумдесет и двегодишен пешак загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Во него удрил мотоциклист кој е уапсен.
Според информациите на МВР, вчера околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител возачот е приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен возач од Косово поради сообраќајна несреќа во Скопје: со товарно возило удрил во мопед

Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Е.П. од Република Косово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот Ф.А. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од слобода бил лишен возачот Е.П. и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.