Топ
Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Покрај него, осомничени се и Р.А.(35) од прилепското село Житоше, инаку затвореник во прилепскиот затвор, Г.Х.(42) од Албанија, Ф.П.(29), М.Ѓ.(29), В.М.(34), тројцата од Скопје и П.Ѓ (32) од Дебар, затвореник во затворот во Струга.
Како што информираат од МВР, на 16 ноември, албанскиот државјанин пренел дрога од Албанија на македонска територија и во Дебар му ја предал на 27-годишниот А.М., кој пак, по претходен договор со неговиот сограѓанин П.Ѓ., ја префрлил преку оградата на затворот „Теферич“ во Струга.
По извршен полициски претрес во собата каде П.Ѓ. издржувал казна затвор поради недозволена трговија со дрога, била пронајдена марихуана, семки од растението канабис, мобилен телефон и сим картичка, со што било утврдено дека П.Ѓ. повторно го извршил кривичното дело.
По преземени мерки било утврдено дека 35-годишниот Р.А. од прилепско Житоше во ноември од лице од Албанија ја набавил марихуаната, по што во комуникација со дебранинот А.М. се договорил да ја пренесе преку зелениот појас на државната граница.
На 22 ноември, 27-годишниот А.М. дрогата ја предал на 29-годишниот Ф.П од Скопје.
Потоа, на 25 минатиот месец прилепчанецот и дебранецот ја продале на струшкиот затвореник за сума од 3.000 евра.
На 26 минатиот месец на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници сопреле возило, управувано од В.М., во кое бил и М.Ѓ. и при преглед на истото била пронајдена марихуана и неколку мобилни телефони.
Истиот ден бил извршен претрес во викенд куќа во селото Моране, сопственост на М.Ѓ., каде биле пронајдени и одземени килограм марихуана и пиштол калибар 8 мм без рамка.
Тој ден бил извршен претрес и на Р.А. во прилепскиот затвор, при што му бил одземен мобилен телефон и сим картичка.
Прилепчанецот Р.А. веќе издржува затворска казна од три и пол години за недозволена трговија со дрога, па откако при преглед од полициски службеници извршен на 2 декември, му биле пронајдени 5 килограми марихуана, додека ја издржува казната, било утврдено дека тој го повторил кривичното дело.
При претрес извршен кај 27-годишниот дебранец А.М., пак, биле пронајдени и одземени парични средства во износ од 3.000 евра, во различни апоени во денари и евра.
Од извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за маса од 2,7 килограми марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан.
На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции.
Мицкоски ја истакна цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација.
Еврокомесарката Кос ја поздрави реформската агенда на Владата и ја потврди поддршката на Европската комисија за напредокот на Регионот на европскиот пат.
Премиерот нагласи дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани.
Македонија
Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за третман на онколошки заболувања.
-Лекот Paclitaxel е навреме нарачан од Клиниката, но заради застој во дистрибуцијата, најавено ни е дека овие денови ќе биде дистрибуиран на клиниката. За Paclitaxel има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е docatexel-от. Исто така, лекот Еrlotinib, се заменува кај пациентите со Gefitinib кој има идентична ефикасност. Тендерите се навреме спроведени, очекуваме овие лекови да пристигнат во првата недела од јули. Во меѓувреме уверувам дека за сите терапии има квалитетна замена и континуитетот во лекувањето е целосно обезбеден, информира Игор Стојковски, директор на Клиниката за онкологија.
Годинава, според надлежните, е двојно зголемен условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови.
Македонија
Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското Езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка „Aquaviva 23“, сопственост на Н.С.(47) од Охрид, настанал пожар.
Од СВР Охрид велат дека повредени лица нема, а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина.
„Врз запалениот пловен објект, веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници на армискиот центар за обука на вода кои, од глисерот го отстраниле К.П.(24) од Охрид и со соодветна опрема за гасење, отпочнале со гасење на пожарот. Набрзо им се придружиле и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид со што е спречено натамошно ширење на пожарот а повикана е медицинска екипа од Итната медицинска помош“, велат од полицијата.
По насоки на јавен обвинител, на местото извршен е увид во присуство на полициски службеници, претставници од охридската капетанија на пристаништа. Глисерот е одземен за понатамошни вештачења.