Топ
Рекетари на сила однеле човек на нотар во Тетово и го принудиле да им го препише неговото „масерати“
Скопскто Основното јавно обвинителство денеска поднесе обвинение против шест лица, меѓу кои и една нотарка, за сторени кривичнии дела изнуда (помагање за изнуда), загрозување на сигурноста и несовесно работење во службата. Преку овие кривични дела тие насилно одзеле автомобил „масерати“ од оштетениот во случајот.
За помагање при извршување изнуда обвинета е жена, која делото го сторила на 6 септември минатата година и го остварила првиот телефонски контакт со оштетениот, при што му се претставила како девојка на првообвинетиот и побарала од него средба и финансиска помош.
Таа го намамила да се сретнат следниот ден на улицата Качанички Пат во Визбегово.
Кога дошол на средбата, го опколиле другите обвинети, кои на повеќе локации на Качанички Пат, автопатот Скопје – Тетово, патарината „Глумово“, но и во нотарската канцеларија на обвинетата нотарка во Тетово, со употреба на сила и закани го принудувале оштетениот, нанесувајќи му повреди, да им го препише сопствениот автомобил „масерати“, без притоа да му биде платено.
Обвинетата нотарка се товари дека несовесно постапила во вршење на своите овластувања, па поттикната од првообвинетиот ја отворила нотарската канцеларија надвор од работното време, го составила договорот за купопродажба на возилото наведувајќи притоа повеќекратно помала и нереална цена од 2.950 евра.
Иако не било извршено никакво плаќање на наведената цена, во договорот таа навела дека сумата од 2.950 евра била исплатена пред нотарот на денот на заверка на потписите, со што овозможила нелегален пренос на сопственоста над автомобилот во корист на првообвинетиот.
Второобвинетиот во овој предмет на 8 септември минатата година при обидот да биде уапсен ја загрозил сигурноста на полицаец во реонот на езерото Треска, кој постапувал по наредба. Тој му се заканил на полицаецот дека ќе го убие и по 10 години кога ќе излезе од затвор.
За четворица од обвинетите, кои претходно имале определен куќен притвор, надлежниот јавен обвинител побарал продолжување на мерката, со цел непречено водење на кривичната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на кој, како што рече, јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата.
Како што појасни министерот, жртвата претходно повикала полиција, а патролата пристигнала за помалку од десет минути. Во изјавата што ја дала, таа потоа навела дека нема што да пријави и дека немало физички напад. Дополнително ќе се утврдува дали оваа изјава била дадена под присила. Сторителот, според Тошковски, не бил присутен на местото на настанот во моментот кога полицијата ги прибирала изјавите.
Сепак, тој нагласи дека тоа не се единствените докази со кои располага МВР.
„До МВР е обезбеден видео запис каде јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата. Не можам да кажам кога е точно, но сигурно е истиот ден“, рече министерот.
Според информациите што ги изнесе министерот Панче Тошковски, на 2 март околу 14 часот бил пријавен падот од зграда, а претходно полицијата разговарала со жртвата која рекла дека не бара интервенција. Потоа жената се упатила кон станот на улицата Теодосиј Гологанов во скопски Карпош кадешто се случила трагедијата. Со ќерката биле сами и заклучени одвнатре пред трагичниот настан.
Министерот соопшти дека сопругот е приведен. Осомничен е за Наведување на самоубиство, нанесување на тешки телесни повреди и за загрозување на сигурноста. Тошковски потсети и дека во изминатите години против истото лице биле поднесени 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога. Тошковски истакна и дека голем дел од предметите за семејно насилство се затвораат поради повлекување на жртвите, најавувајќи поинтензивен пристап на МВР во вакви случаи.

