Топ
Ресенец испраќал пораки дека има бомби на повеќе локации во Охрид
Четириесет и шестгодишен ресенец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено бомби.
Против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста и лажно пријавување кривично дело, а судот му определи притвор.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против З .И. (46) од селото Горно Крушје, Ресенско. Пријавениот во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе СМС-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни од камерите на улиците Тошковски очекува в година: Би бил пресреќен да биде во јануари, но и со декември ќе бидам задоволен
Казни за прекршоците што ќе ги регистрираат камерите поставени на улиците ќе има од следната година. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и покрај најавите дека камерите ќе почнат да функционираат до крајот на годината во рамките на проектот „Безбеден град“, денес извести дека најоптимистички камерите би можеле да бидат ставени во функција од јануари.
„Да речеме дека сè уште немаме целосна покриеност со технички уреди, односно камери на територијата на град Скопје, како што е утврдено во рамките на проектната документација. Колку порано би можело да се имплементира овој проект, толку би било подобро за сите нас имајќи предвид дека жртви на сообраќајни незгоди на годишно ниво во Македонија имаме со трицифрен број и тоа е страшно. Реалноста е таква каква што е. Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат точните чекори за на крајот на денот да имаме систем што ќе го казни секој оној шот управува моторно возило спротивно на законот исклучувајќи го човечкиот фактор во рамките на целокупната постапка од аспект на носење одлука дали треба или не треба да биде казнет. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект. Јас би бил пресреќен да биде во јануари, но и со декември ќе бидам задоволен“, рече министерот Тошковски по денешната конференција на тема „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“.
При пробното пуштање во употреба годинава камерите регистрираа и по 5.000 прекршоци за само два часа. Министерот Тошковски вели дека ваквите бројки се страшни и уверува дека откога ќе бидат пуштени во употреба, десеткратно ќе се намали тој број оти граѓаните ќе знаат дека има систем што ќе ја казни секоја грешка.
Топ
(Видео) Кривична против началник во МВР: ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања” по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани – СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици. Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.
Македонија
Гори безистенот во Струга
Огромен пожар во центарот на Струга. Гори Безистенот.
На терен се десетина пожарникари со четири возила на Територијалната противпожарна единица Струга.
Причините за пожарот се уште не се познати.