Контакт

Топ

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Објавено пред

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга.

dobivaj vesti na viber

СВР Охрид соопшти дека пронајдената муницијата потекнува од Втората светска војна.

По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Објавено пред

Фото: принтскрин

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

dobivaj vesti na viber

„Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем. Паралелно го спроведуваме и процесот за вработување на приватните специјализанти, со кој решаваме децениски егзистенцијален проблем на оваа категорија здравствени работници. Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита е наш партнер со кој со заеднички заложби работиме на унапредување на статусот на секој здравствен работник во државата“, истакна министерот Алиу во видео-обраќањето.

Воедно, тој порача дека Владата реализираше значајно зголемување на платите на здравствените работници, и тоа во износ од 4.815 денари нето за сите здравствени работници, а за медицинските сестри ова зголемување изнесува дури 6.200 денари. Оваа мерка значи суштинско вреднување на трудот на медицинскиот персонал.

Заменик министерот Андовски, пак, кажа дека Министерството за здравство е отворено за соработка со синдикатот.

„Го почитуваме достоинството на докторите и целиот персонал кои се чувари на здравјето на граѓаните. Министерството за здравство е отворено за соработка со синдикатот и заеднички продолжуваме да ги решаваме сите отворени прашања и предизвици, со цел да излезаме во пресрет на здравствените работници и секако на пациентите“, рече во своето обраќање заменик министерот Андовски.

Прикажи повеќе...

Свет

Полска подигна борбени авиони поради руски напади врз Украина

Објавено пред

Фото: архива

Полските воздухопловни сили, заедно со сојузнички сили од НАТО, утрово беа ставени во состојба на највисока борбена готовност поради масовните руски воздушни напади врз Украина. Како што соопшти Оперативната команда на полскиот Генералштаб, воени авиони биле подигнати во воздух, а активирани биле и системите за противвоздушна одбрана и радарско следење.

dobivaj vesti na viber

„Во согласност со стандардните процедури, активирани се сите расположливи сили и ресурси за заштита на воздушниот простор на Полска“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа X.

Руските сили утрово започнаа комбиниран напад врз неколку украински региони, користејќи крстосувачки ракети и дронови. Експлозии одекнале во Павлоград, Николаев и Днипро, каде што е потврдена и една жртва – лице кое загинало при напад на станбена зграда. Според украинските власти, најмалку 13 лица се повредени, а значителна материјална штета е пријавена и на приватни и деловни објекти.

Регионалната воена администрација потврди напади и во околината на Киев, вклучително и во Буча, Бориспољ и Обухив, каде што се регистрирани уништени куќи, гаражи и возила.

По завршувањето на руските удари, полските и сојузничките сили се повлекоа, а сите системи се вратени во нормален режим на работа.

Во меѓувреме, украинската војска соопшти дека си вратила контрола над седум населени места во Доњецка област, при што напредувала за три до седум километри.

Според извештаи на Униан, Русија користела и ирански дронови „Шахед“ за директни напади врз урбани цели, што експертите го оценуваат како показател за недостаток на соодветна техника за прецизни воздушни операции.

Прикажи повеќе...

Свет

Лекорни: Франција размислува за воведување на опционален воен рок

Објавено пред

Фото: принтскрин

Канцеларијата на францускиот премиер, Себастијан Лекорни, наговести дека е во тек воведување на ревидиран, опционален воен рок во земјата.

dobivaj vesti na viber

Доброволниот програм најверојатно ќе вклучува сериозна воена обука и е осмислен да отвори пат за регрутирање во активниот воен состав или резервата, пренесува „Политико“.

Во јули, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе осмисли „нова рамка што ќе им овозможи на младите да служат“ војска, а најавата од кабинетот на Лекорни потврдува дека работата на нејзината реализација напредува.

Франција во 2019 година воведе универзален национален воен рок, односно едномесечна опционална служба за волонтери на возраст од 15 до 17 години, чија цел беше пренесување на француските вредности, но не вклучуваше посериозна воена обука.

Моментално не се зборува за повторно воведување на задолжителниот воен рок во Франција, кој беше укинат од поранешниот претседател Жак Ширак во 1997 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

(Видео) Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа...

Свет1 час

Полска подигна борбени авиони поради руски напади врз Украина

Полските воздухопловни сили, заедно со сојузнички сили од НАТО, утрово беа ставени во состојба на највисока борбена готовност поради масовните...

Свет1 час

Лекорни: Франција размислува за воведување на опционален воен рок

Канцеларијата на францускиот премиер, Себастијан Лекорни, наговести дека е во тек воведување на ревидиран, опционален воен рок во земјата. Доброволниот...

Свет1 час

Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври...

Свет1 час

Руското министерство за одбрана ги отфрла наводите за нарушување на естонскиот воздушен простор

Руското Министерство за одбрана објави, во врска со обвинувањата на Естонија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор...

Свет1 час

„Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе добие детални информации за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија и...

Свет2 часа

Премиерот на Естонија бара консултации по член 4 од НАТО поради руските авиони

Естонија одлучи да побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на руски...

Македонија18 часа

(Видео) 13 лица приведени по масовна тепачка пред Градската општа болница во Прилеп

Полицијата попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата...

Македонија21 час

Шест лица завршија во болница по труење со храна на семинар во Куманово, развиле температура до 41 степен, повраќање и дијареа

Шест лица завршија со симптоми на труење по семинар одржан на 11 септември во ресторан во Куманово, соопшти Центарот за...

Македонија23 часа

(Видео) Либералите бараат воведување електронска белезица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за насилниците по двојното убиство во Велес кога Илија, поранешниот партнер на Росица, ги...

Македонија24 часа

Под истрага четири лица, меѓу кои татко и ќерка за Трубарево – непрописно ги складирале батериите и тонерите, што ги загадија почвата и воздухот

Скопското Обвинителство отвори истрага против четири лица и една фирма поради загрозување на животната средина. Се сомничи дека во фирмата...

Македонија1 ден

Поврзаноста не се мери во „допаѓања“, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15 до 18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009 – 2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на осмиот...

Македонија1 ден

„По Апасиев и Мециновиќ, и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека...

Македонија1 ден

Два активни пожара во Гази Баба и во Гевгелија, под контрола пожарот на „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до...

Македонија1 ден

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе...

Европа1 ден

Путин го разреши заменик-шефот на администрацијата

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на руската претседателска администрација со декрет. Декретот од една...

Свет1 ден

Германскиот канцелар: Tреба да одлучам дали да ги поддржам санкциите кон Израел

Германија ќе донесе одлука дали да ги поддржи санкциите на Европската Унија против Израел пред состанокот на Европската Унија во...

Свет1 ден

(Видео) Трамп го нападна градоначалникот на Лондон: „Тој е меѓу најлошите во светот“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал градоначалникот на Лондон, Садик Кан, да присуствува на државниот банкет во Велика...

Европа1 ден

МИ6 ќе бара нови шпиони на темната мрежа

Британските шпиони ќе ја користат „темната мрежа“ за регрутирање информатори и добивање класифицирани информации од агенти во Русија и низ...

Македонија2 дена

Побаран притвор за четири лица за пожарот на отпадот во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе наредба за спроведување...