Црна хроника
Се преврте возило на автопатот кон Тетово, повредени три лица

Три лица меѓу кои и малолетник завршиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера напладне на автопатот Мајка Тереза, во насока од Скопје кон Тетово.
Како што јави МВР, возилото излетало од патот и се превртело, а со него управувал 40-годишен маж од Гостиварско кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Сопатниците Д.С. (38) и малолетник по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на место на настанот извршила увидна екипа од Скопје“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец со автомобил возел по пешачка патека во Градскиот парк

По претходно добиени информации дека денеска околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, полицијата презела мерки за пронаоѓање на несовесниот возач.
Како што информираат од МВР, лицето е веќе пронајдено, односно утврдено е дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје.
Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.
Црна хроника
29-годишна жена паднала од зграда во Охрид

Во СВР Охрид, вчера попладне, околу 13.20 часот, било пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д. (29).
Ккао што информираат од МВР, тaa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Полицијата работи на расчистување на настанот.
Црна хроника
Малолетник осомничен за тешка кражба, приведен во центарот на Скопје

Вчера во 17.40 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ казниво по Кривичниот законик во објект на ул.„Македонија“.
Со малолетникот е извршен службен разговор и известен е Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, информира МВР.