Црна хроника
Се преврте камион полн со овци, возачот и сопатникот згрижени во гостиварската болница

Денеска, во попладневните часови, на магистралниот патен правец Кичево-Гостивар, во непосредна близина на мавровската крстосница, се случи сообраќајна несреќа, во кој со полесни повреди добиле две лица.
Имено, како што информираа од СВР Гостивар, во несреќата повреди добил 38-годишниот возач на камион-влекач со битолски регистарски таблички, кој бил од село Новаци, Битолско, како и неговиот сопатник од Битола.
Камионот, кој превезувал овци, излетал од коловозот, а приколката, во која биле сместени овците, се превртела. Двете повредени лица веднаш се згрижени во гостиварската болница, додаваат од СВР Гостивар.
Во несреќата настрадале 68 овци, а 29 се повредени, информираа од полицијата и посочија дека веднаш по несреќата, била повикана и ветеринарна служба за згрижување на повредените животни.
Од СВР Гостивар велат станува збор за несекојдневна сообраќајна несреќа и додаваат дека по овластување на јавен обвинител, тие веднаш излегле на местото на несреќата да извршат увид, но засегаа не се знае точната причина поради која дошло до превртување на возилото.
Сообраќајот, како што инфрмираа од полицијата, во овој момент е нормализиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во пожар кај Вевчани изгореа 100 насади лешник и 2 илјади квадратни метри земјоделски површини

Во атарот на општина Вевчани, во месноста „Суво поле“, во утринските часови на 21 февруари избувнал пожар кој зафатил голема земјоделска површина.
Како што информираат од СВР Охрид, на една парцела целосно изгореле 100 насади од лешник и околу 2.000 квадратни метри квадратни земјоделски површини.
Пожарот бил локализиран, а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.
Црна хроника
Работник повреден во кичевска фабрика

Вчера, околу 5 часот, во Итната медицинска помош бил донесен 59-годишниот Д.М. од Кичево со повреди здобиени на работно место во фабрика во Кичево.
Поради сериозноста на повредата, со медицинско возило е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид на понатамошно лекување, соопшти Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Топ
Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално, телото било во бездна, а на патот било оставено возило марка „поло“. Според неофицијални информации, станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски, кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.
Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „Беверли“, од каде заминал со сиво металик „фолксваген поло“ со регистарски таблички СК-3104-АО. Тој бил облечен во кошула и панталони, а семејството бараше помош преку споделување фотографија на социјалните мрежи.
Безживотното тело е предадено на Судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа