Црна хроника
Се судрија товарно возило и „опел вектра“, тешко повреден маж од Струшко

Вчера во 08.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во близина на фудбалско игралиште во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот А.К. од село Делогожда, струшко и патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Б.С. од село Радолишта, струшко, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од ОВР Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило удри во велосипедист и побегна

Вчера околу 14.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во незгодата со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Приведено лице од скопско, возел со 1,88 промили алкохол

Вчера во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода О.Ј.(47) од с.Стајковци, скопско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Приведено лице од скопско поради управување возило под дејство на алкохол

Вчера во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода 47-годишниот О.Ј. од село Стајковци, скопско.