Контакт

Топ

Силувана малолетничка во Скопје

Објавено пред

Малолетно девојче со привремено живеалиште во Скопје било силувано од страна на две лица.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, за случајот во полицијата алармирала В.С.(39) од Скопје.

Таа пријавила дека завчера околу 21 часот С.С. и Д.Н. извршиле обљуба врз девојчето.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

(Видео) Меџити се налутил оти Јовев доцна му пратил покана за настан, тврди докторот, кој рече дека е жртва

Објавено пред

Професорот Сашко Јовев, кој е сменет од директорската позиција на Кардиохирургија, посочува дека министерот за здравство, Фатмир Миџити, го сменил поради некаква протоколарна грешка за настан што го организирала Клиниката. Тој рече дека не излегол само тој жртва, туку и Кардиохирургија. Според Јовев, Меџити се налутил оти доцна бил поканет.

dobivaj vesti na viber

„Во 35 години немав земено еден ден боледување. Минатата недела имав такви притисоци, што морав да се тргнам малку и да земам боледување, кое денеска го прекинав поради ова. Имав притисоци дека сум направил грешка, дека грешката е во самиот протокол при еден прекрасен настан во саботата кога отворивме нова хибридна сала, единствена во регионот. Кога го пуштивме во употреба апаратот што одржува во живот човек без срце и бели дробови цели три месеци. Тогаш се случи уредно да бидат поканети сите, министерот за здравство не дојде оти смета дека доцна му била дадена поканата, дека премиерот ја добил малку порано. Јас тука не можев да се мешам, па се најдов во средината и на крајот да излезам жртва. Не излегов јас само жртва, излезе жртва Кардихирургија.

За поддршката пред Клиниката, рече дека се организирале да дојдат 1.300 пациенти.

„Ова е само дел од поддршката бидејќи не сакавме да ја правиме пооглема и да прерасне во нешто друго и да се политизира. Ова е мојот тим што чуда прави и кој работи 24/7, а не спие на чело со мене. Овде се некои од пациентите на кои им се направени големи операции и многу други се јавија – пациенти, колеги, пензионирани доктори, пензионери. Речиси 1.300 сакаа да дојдат, им рековме да не доаѓаат. Конечно, мора да победи правдината. Не сакаме да се работи по политика, туку по професионалност. За она што го работиме 24/7 и за она што се жртвуваме“, рече Јовев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Револт за разрешувањето на Јовев, пациенти пред Кардиологија: Срамота е ова што се прави

Објавено пред

Пред Кардиохирургија дојдоа пациенти, кои му изразуваат поддршка на професорот доктор Сашко Јовев, разрешен од министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тие посочија дека срамота е да биде разрешан Јовев оти е професионалец. Тие потенцираат дека од него зависат животите на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Дојдовме да му дадеме поддршка на Јовев, кој се бореше да ни дадат нови животи. Револтирани сме од непрофесионалноста на министерот, кој сака да стави политички, а не стручни кадри. Од нив зависат нашите животи“, рече Сашко Јанкуловски, пациент.

На протестот излегоа и вработени од Клиниката.

„Дојдовме од проста причина бидејќи не сакаме да го изгубиме стручњакот што перфектно си ја врши својата работа. Срамота е ова што се прави. Јас сум оперирана пред седум месеци, сега се чувствувам преубаво. Не смееме да дозволиме ова да се случи, професорот да биде шиканиран“, рече Љупка Спасовска, пациентка.

Пациентите посочија дека благодарение на интервенциите од Јовев тие сега се живи и здрави.

„Пред една година имав тешка операција на Кардиохирургија. Дојдов во последен момент како тежок случај. Благодарение на професорот и тимот, со силна и тешка операција, преживеав. Еве живеам и се надевам дека и натаму ќе живеам. Кога лежев на интензивна нега, ќе се сеќавам на моментите, секој ден по неколкупати професорот доаѓаше на интензивна нега ако нешто не беше во ред. Професорот прашуваше како сум, се бореше за пациентите, даваше насоки. Му давам голема поддршка, не е во ред ова што се прави“, вели Љупчо Ангеловски, пациент.

Некои од нив сметаат дека ваквото постапување е бркање на професорот од дома.

„Потресена сум и ова ме погоди. Оперирана сум од срце. Ме прими од ходникот. Не може некој да го избрка од дома, тој овде е дома. Нема правда овде, срамота е ова. По толку трансплатации, дежурства… Кога и да отворам очи, луѓето овде работеа. Срамота е ова, срамота е човекот да го избркате од дома“, рече Тина Алексовска, пациентка.

Јовев вчера беше разрешен од директорската позиција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зад смената на Јовев, апсолутно политика не стои, секаде каде што има злоупотреби, ќе има санкционирање, уверува Меџити

Објавено пред

Смената на директорот на Клиниката за кардиологија, Сашко Јовев, кој ги предводеше трансплантациите на срце во земјат,а не е политичка, вели министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој, денес, по посетата на реновираните простории на Клиниката за ендокринологија, не сакаше да зборува за причините поради кои го разреши Јовев и најави дека попладнево на брифинг ќе ги изнесе сите детали.

„Политика, апсолутно, не стои зад смената на Јовев, секаде каде што ќе има злоупотреби со мене како министер, ќе има и санкционирање“, рече министерот Меџити и нагласи дека заедно со Јовев на успешните трансплантаци работел цел тим.

dobivaj vesti na viber

Меџити вчера го разреши Јовев од функцијата директор, а смената наиде на лавина неодобрување кај јавноста, особено кај пациентите со трансплантантирано срце и нивните семејства.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ29 минути

(Видео) Меџити се налутил оти Јовев доцна му пратил покана за настан, тврди докторот, кој рече дека е жртва

Професорот Сашко Јовев, кој е сменет од директорската позиција на Кардиохирургија, посочува дека министерот за здравство, Фатмир Миџити, го сменил...

Македонија37 минути

(Видео) Револт за разрешувањето на Јовев, пациенти пред Кардиологија: Срамота е ова што се прави

Пред Кардиохирургија дојдоа пациенти, кои му изразуваат поддршка на професорот доктор Сашко Јовев, разрешен од министерот за здравство, Фатмир Меџити....

Македонија2 часа

Зад смената на Јовев, апсолутно политика не стои, секаде каде што има злоупотреби, ќе има санкционирање, уверува Меџити

Смената на директорот на Клиниката за кардиологија, Сашко Јовев, кој ги предводеше трансплантациите на срце во земјат,а не е политичка,...

Македонија2 часа

Вмровски пратеници пред лидерската на Мицкоски: Уставни измени? Ма ни под разно!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го потврдија веќе познатиот став околу уставните измени. Во објави на социјалните мрежи, тие реагираат,...

Топ3 часа

Бегајќи од полиција, излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полицијата привела две лица кои со автомобил...

Свет4 часа

(Видео) Зеленски го свика Советот за безбедност: „Ова е доказ дека Русите се терористи“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави видео од уништената брана Нова Каховка, нарекувајќи ги руските сили во Украина „терористи“....

Регион4 часа

Ердоган го постави својот портпарол за шеф на државната разузнавачка служба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи својот портпарол Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка агенција (МИТ). Ова го...

Свет4 часа

(Видео) Разнесена клучна брана кај Херсон, го снабдува Крим со вода: наредена итна евакуација

Украинската јужна оперативна команда рано утринава извести дека руските сили ја разнеле хидроцентралата Каховка. На социјалните мрежи се споделуваат видеа...

Македонија13 часа

На нож дочекано разрешувањето на кардиохирургот Јовев: „Не вирее професионалец овде“, „Меџити, добар ли си со глаата?!“

Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така...

Македонија16 часа

Мицкоски: Ќе дојдам на лидерска и ќе кажам не за уставни измени по бугарски диктат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата во Велес насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ се осврна за...

Топ17 часа

МВР со информации за несреќата кај „Борис Трајковски“: повредени се две лица

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа на булеварот 8-ми Септември во близина на спортскиот центар Борис Трајковски. Според информациите...

Македонија18 часа

Останува во притвор првиот уапсен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“

Притворот на скопјанецот осомничен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“ е продолжен на 30 дена. Од Обвинителството за...

Македонија20 часа

(Видео) Функционерите во хотел, фракционерите под шатор на дожд – две роденденски прослави на ДУИ

Додека функционерите за роденденот на ДУИ се собраа во хотелот „Александар палас“ во Скопје на дебатата „Европски фронт“, фракционерите се криеја под шатор...

Регион20 часа

Пукање во Љубљана, две лица убиени, главниот град на Словенија под полициска опсада

Истрели одекнале во Љубљана околу 15 часот, јавува N1 Словенија. Како што соопштија од полициската управа во Љубљана, две лица...

Македонија22 часа

Меџити за разрешениот Јовев: Тој е кадар на Венко, нема да има директори што спијат, ова е само почеток

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија и предводник на тимот што...

Македонија22 часа

Силувал шестгодишно девојче, ресенец искористил можност додека жртвата си играла со неговата внука

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за...

Македонија24 часа

(Видео) Дамева против сите во Судскиот совет: Ниту треба ниту сум морала да знам за судските постапки на мојот сопруг, дома не разговараме за тоа

Експретседатеката на Судскиот совет, Весна Дамева, на денешната седница повторно е во центарот на вниманието на колегите, кои инсистираа да...

Македонија1 ден

(Видео) Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен

Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми се огласени за виновни за...

Македонија1 ден

(Видео) Нови циркуси во Судскиот совет – хајки, нервоза, довикувања и расправии

Нови расправии и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева за...

Македонија1 ден

Жирафата Каспер пцовисала од салмонела во скопската Зоолошка градина

Жирафата Каспер пцовисала од инфекција со салмонела, дознава „Макфакс“. Според патохистолошката анализа до која дојдовме, Факултетот за ветеринарна медицина констатирал...