Црна хроника
Скопската полиција уапси тројца битолчани кои украле 11 телефони и четири фотоапарати
Припадници на скопската полиција, по претходно добиени сознанија, на 22 октомври, во населбата Козле, извршиле преглед на автомобил марка „мерцедес 190“, со прилепски регистарски ознаки, при што пронашле 11 телефони, четири фотоапарати и два ранци.
Конкретно, пронајдени биле мобилен телефон марка „хуваеј П30”, четири мобилни телефони „самсунг A20“, три мобилни телефони марка „самсунг A10“, два мобилни телефонa „самсунг A50“ и еден телефон „самсунг A30“.
Покрај ова во возилото имало и четири фотоапарати односно еден марка „никон Д5600-18-55 ВР”, два фотоапаратa марка „никон Д-3500-18-55 ВР” и еден „никон Д 750“, како и два ранцa.
Во автомобилот затекнати биле тројца битолчани, двајца на возраст од 23-години и еден 25-годишник. Кај еден од нив пронајдени и одземени биле и околу 14.000 денари.
По извршените проверки утврдено било дека предметите потекнуваат од тешка кражба, извршена на 14. октомври во продажен објект во Битола, од каде биле одземени мобилни телефони, фотоапарати и промет, со што сторителите се стекнале со имотна корист од околу 900.000 денари.
Битолчаните се преземени од страна на Одделението за крим полиција при СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

