Контакт

Црна хроника

Скопјанец баран со потерница поради тешки кражби, уапсен во Штип

Објавено пред

Полицијата во утринските часови на 8 декември во Штип лишила од слобода 44-годишен скопјанец со иницијали Н. К.

Тој бил баран со потерница поради сомнение дека е сторител на две тешки кражби на подрачјето на скопската општина Гази Баба.

При контрола во автомобил „бмв“, со скопски регистарски ознаки, кој го управувал 44-годишникот, биле пронајдени и одземени 4.960 евра, златен накит, два мобилни телефона, а исто така му било одземено и возилото.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по негови насоки и по целосно документирање на случајот, против разбојникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Црна хроника

Приведена скопјанка за која била распишана потерница

Објавено пред

На булеварот „Илинден“ во Скопје денеска полицијата ја лишила од слобода О.Ј.(69) од Скопје.

Како што информираат од МВР, за неа била распишана централна потерница, по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од една година во врска со сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Скопјанката била приведена во полициска станица по што ќе биде спроведена во затвор за издржување на казната.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Oбвинение против двајца родители за родосквернавење и трговија со дете

Објавено пред

По спроведена истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица.

Спроред дејствијата опишани во четири точки во обвинението, првообвинетиот сторил две кривични дела родосквернавење и трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело трговија со дете, а третообвинетиот сторил кривични дела трговија со дете и силување.

„Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти ситиуации, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка. Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак. По два месеца девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во декември 2018 година девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот.

Второобвинетата во тригодишен временски период искористила ист траен однос и исти услови и злоупотребувајќи ја својата положба како мајка на девојчето, со сила го подвела да врши полови дејствија за паричен надомест со третообвинетиот. Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000 денари, а понекогаш и од по 500 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка.

Третообвинетиот, искористувајќи исти услови, за паричен надомест во тригодишен временски период во својата куќа користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години. Истиот во текот на  декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Во него се наведува и дека за кривичните дела што им се ставаат на товар запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет, односно 12 години.

Предметниот обвинител му предложил на судот да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетите, при што како клучен фактор при одлуката за продолжување на мерката притвор ќе треба да ги има предвид начинот и мотивот на извршување на кривичните дела, односно дека истите се сторени со директна умисла од страна на обвинетите, како и околноста што предметните кривични дела директно го кршат Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија.​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Расчистени три тешки кражби – украденото вратено на сопствениците

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти три тешки кражби, кои од 7.01. до 12.01. биле извршени во објект на „Железници на РСМ“ во Гостивар и во два угостителски објекта во негова непосредна близина, а Е.П.(35) и А.М.(18), двајцата од Гостивар, се осомничени дека се извршители на кражбите.

Тие со употреба на сила влегле во објектите и одзеле повеќе предмети и пари. Одземените предмети се пронајдени и на 24.1.2022 се вратени на сопствениците, лицата биле лишени од слобода, а по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа41 минута

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија2 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија2 часа

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија3 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија4 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија5 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија6 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија7 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија7 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет7 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет8 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет18 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет19 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија23 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа23 часа

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија1 ден

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија1 ден

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија1 ден

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија1 ден

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Досие