Црна хроника
Обвинение против гостиварец кој со нож ги нападнал својата сопруга и ќерката
Гостиварското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 59-годишен жител на селото Форино за кого постои сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.
Тој е обвинет дека на 29 мај минатата година, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на својата сопруга и својата ќерка.
Најпрвин, по расправија, тој се заканил дека ќе ја убие сопругата, која за да се спаси, заедно со малолетната ќерка, заминала да се скрие кај роднина.
Обвинетиот ги следел, по што продолжил со нож да се заканува на сопругата и на ќерката, која се обидела да ја одбрани мајката. Двете успеале да се одбранат од насилникот и го пријавиле во полиција.
Следниот ден, на 30 мај 2020 година, полицијата извршила претрес во домот на обвинетиот, каде што пронашла бајонет со сечиво од 30 сантиметри, како и неколку куршуми, па против него е поднесено и обвинение за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.