Uncategorized
Скопјанец обвинет за тешката сообраќајна несреќа во Трубарево
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 72-годишник, на 11 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи патничко моторно возило „бе-ем-ве“ во село Трубарево, во насока од исток кон запад, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Тој постапил спротивно на член 228 став 1 и член 35 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па возилото го управувал во алкохолизирана состојба со содржина на алкохол во крвта од 1,78 промили и содржина на алкохол во урина 2,43 промили. Низ населено место, автомобилот го управувал со брзина од 91 километри на час, што е значително поголема од дозволената.
Поради тоа тој изгубил контрола над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото удрил во задното тркало од мопед „баутијан“, без регистарски таблички управуван од оштетениот Идриз Ќеримовски. Од ударот, оштетениот со мопедот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал.
Обвинетиот продолжил со автомобилот да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот, па со предниот дел од возилото во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на оштетено дете Ваљтон Битики, кое како пешак стоело на автобуското стојалиште. Од ударот оштетеното дете здобило тешки телесни повреди, на кои им подлегнало во болница. Обвинетиот и натаму со возилото продолжил да се движи по тротоарот, удрил и соборил дрвена бандера и сообраќаен знак, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката и да се спречи тој да го повтори делото кое му се става на товар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram

