Црна хроника
Скопјанец ограбувал автомобили во Охрид
Четириесет и седумгодишен скопјанец и уште две засега непознати лица се осомничени дека во изминатите месеци ограбувале автомобили во Охрид.
Според информациите на МВР, Н. Д. (47) од Скопје, заедно со уште две лица, во периодот од јуни до октомври оваа година на паркинг-простор на повеќе локации во Охрид, населби и плажи со погоден предмет ги кршеле предните стакла од возилата и одземале вредни предмети, лични документи и пари. Со тоа стекнале противправна имотна корист од 510.000 денари.
Против Н. Д. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени 17 кривични дела тешка кражба и кражба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

