Црна хроника
Скопјанец починал во дом за стари лица, телото на обдукција
Вчера во 23.37 часот во СВР Скопје, Т.К. пријавила дека во Дом за стари лица на подрачјето на Кисела Вода починал нејзиниот татко П.К.(76) од Скопје.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Дебар: на државна парцела неовластено изградил деловен објект
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.З.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење“.
Тој, на катарстарска парцела во Дебар во државна сопственост, спротивно на Законот за градба, неовластено изградил деловен објект.
Црна хроника
Извадил пушка пред адвокатска канцеларија во Кичево и се заканувал: уапсен маж од кичевско
Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е 47-годишниот Ф.Б. од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице.
Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Трагедија кај Македонски Брод: Загина 41-годишна жена во сообраќајка, меѓу повредените и 6-годишно дете
Трагична сообраќајна несреќа вчера попладне го однесе животот на 41-годишна жителка од Кичево. Според извештајот на полицијата, несреќата била пријавена во 14:41 часот на локалниот пат кон селото Русјаци, во општина Македонски Брод.
Патнички автомобил „цитроен“ со кичевски регистарски таблици, којшто бил управуван од К.С.С. (41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од тешките повреди здобиени од ударот, 41-годишната кичевчанка загинала на самото место на настанот.
Лекар од медицинската помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е пренесено на обдукција.
Во несреќата телесни повреди здобиле и тројца сопатници во возилото: С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, сите жители на Кичево. Повредените лица се преземени во Општата болница во Прилеп. Нивната здравствена состојба во моментов не е позната.
На местото на пристигнала увидна екипа на СВР Битола.

