Контакт

Топ

Скопјанец со автомобилот удрил во својот малолетен внук

Објавено пред

Дваесет и седумгодишен маж од селото Цветово, скопско, вчера управувајќи патничко моторно возило удрил во негов малолетен внук.

По незгодата, малолетникот бил пренесен од возачот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пендаровски до петок ќе го додели мандатот за формирање влада

Објавено пред

Претседателот на државата, Стево Пендаровски до петок на полноќ ќе го додели мандатот за составување на Влада. Пендаровски за ова прашање се консултирал со експерти, а заклучокот бил јасен, дека парламентот е конституиран на 4 август и дека тече 10-дневниот рок за доделување на мандатот.

Ваквата одлука е донесена и покрај тоа што поранешниот претседател на парламентот Талат Џафери вели дека парламентот не е конституиран.

„Во врска со изјавите изнесени од претседавачот Талат Џафери во интервју на ТВ 21 информираме дека претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: за да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор. Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни опции“, велат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Во прилог тие ги испраќаат известувањата од претходниците на Џафери, Стојан Андов (2006) и Трајко Вељаноски (2016) со кои го информираат претседателот на државата дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите и дека тече рокот за доделување мандат за составување влада.

Џафери синоќа изјави дека „неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците”.

Прикажи повеќе...

Македонија

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Објавено пред

Комисијата за заразни болести размислува, а пак Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се спроведува онлајн.

Министерот Арбер Адеми, вели дека онлајн настава ќе има само доколку министерството биде принудено да се определи за ваков начин на спроведување на образовниот процес.

Тој посочи дека засега се разгледуваат три модели за настава, од кои, во текот на наредните денови ќе треба да се одреди кој ќе се спроведе.

„На состанокот на Комисијата за заразни болести е дискутирано за одвивањето на наставата во новата учебна година. Разгледани се моделите за организирање на наставата и аргументите за секој модел, заедно со предностите и ризиците од секој модел. Конечна одлука, односно, заклучок нема ниту во Комисијата за заразни болести. Ќе продолжат консултациите. За ова прашање разговаравме и на седница на Владата. Имавме широка работна група, првиот модел е организирање и реализирање на наставата со физичко присуство, второ е далечинско учење и третиот модел е комбиниран модел. Во МОН преовладува мислење дека треба да се организира настава со физичко присуство, но секогаш имајќи ги предвид епидемиолошката состојба и условите во училиштата. Тоа значи дека секаде каде ни дозволува епидемиолошката состојба со физичко присуство и каде има услови да се организира наставата со физичко присуство, а имајќи ги предвид протоколите кои сме ги подготвиле, тогаш треба да се организира наставата на таков начин“, рече Адеми.

Сепак, според него, одлуката ќе се донесе според епидемиолошката состојба во земјата.

„Нашиот став е јасен, нема замена за наставата организирана со физичко присуство, но сепак треба да водиме сметка за здравјето на учениците и да водиме сметка за епидемиолошката состојба. Наставата со физичко присуство би се одржала со конкретни мерки и упатства за безбедна настава. Во училиштата каде се пребукирани, таму треба да има дел онлајн настава, а дел со физичко присуство. Тоа значи дека ќе се поделат училниците со помал број ученици, една група би следела настава со физичко присуство, а во исто време другата група преку средства за електронска комуникација би ја следеле наставата во реален час, а доколку не можат лекциите би се поделиле од националната платформа, каде се обработени темите и содржините. Исто така, ако би се одлучиле наставата да се одржи со физичко присуство, а имаме деца кои имаат хронични болести или респираторни болести, тие би можеле преку средствата за електронската настава да ја следат наставата. Се зависи од епидемиолошката слика, ние сакаме да се обезбеди најбезбедниот модел, водејќи сметка за образовниот процес и здравјето на учениците. Најлесно е да се определиме за онлајн настава, но пак ќе повторам, само ако бидеме принудени и нема друг начин, би се определиле за ваквиот модел, за вакво организирање на наставата“, додаде министерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Засега нема воведување на ПЦР тестови за граѓаните кои транзитираат низ Македонија

Објавено пред

Засега нема одлука за воведување на ПЦР тестови за граѓанитекои транзитираат низ Македонија.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше разгледана информацијата за воведување на тестови при транзит на граѓаните од ризичните земји.

Од Комисијата велат дека ќе продолжат  будно да ја следат ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки.

Со постојните мерки, граѓаните кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја.

Темата со ПЦР тестовите беше начната на состанокот, по веста за авионот што изминатата сабота летал од Скопје за Финска со 24 патници, кои биле позитивни на ковид-19. Најголем дел од патниците, односно 95 лица што патувале од Скопје до Финска биле косовски државјани, и лица што имале фински документи, а само двајца летале со македонски пасош.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Пендаровски до петок ќе го додели мандатот за формирање влада

Претседателот на државата, Стево Пендаровски до петок на полноќ ќе го додели мандатот за составување на Влада. Пендаровски за ова...

Македонија56 минути

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а пак Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да...

Македонија1 час

Засега нема воведување на ПЦР тестови за граѓаните кои транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување на ПЦР тестови за граѓанитекои транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни...

Македонија2 часа

Сведоштво на прилепчанка која го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесет годишната Виолета Мирчевска од Прилеп три неделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација и...

Топ2 часа

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија3 часа

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет3 часа

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија4 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија4 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет5 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет5 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет6 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија6 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија21 час

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија21 час

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа21 час

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија21 час

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија22 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија24 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Досие