Црна хроника
Скопјанка се обидела да ја напушти државата со фалсификувани ковид-тестови за себе и за своите деца

Скопјанка на Меѓународниот аеродром во Скопје прикажала лажни потврди од негативни тестови за коронавирус за себе и за своите три деца и на таков начин се обидела да ја напушти државата, соопшти полицијата.
Поради ова, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетата 38-годишна скопјанка на 3 август се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, презентирајќи лажни потврди за негативни тестови за коронавирус за себе и за своите три деца.
Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај Качанички Пат

Сообраќајна несреќа утрово се случи кај Качанички Пат.
Движењето на улицата е отежнато, информираа од Центарот за управување со кризи.
Според првичните информации, нема загинати патници.
Топ
Детали за несреќата кај Три Чешми: се судриле товарно возило и „голф“, возачот на автомобилот загинал

Во тешката сообраќајна несреќа, која се случила на автопатот Миладиновци – Штип, загинал возач на автомобил со гевгелиски регистарски ознаки.
Ова од МВР го потврдуваат за „Макфакс“ и додаваат дека увидот е во тек, а сообраќајната несреќа е пријавена изутринава пред 6 часот.
Првичните информации со кои располага полицијата се дека се судриле товарно возило „ман“, кое имало косовски ознаким и патничко возило „голф“, чиј возач загинал на самото место, што било констатирано од екипа на брзата помош.
Автопатот беше затворен за сообраќајм известија и од АМСМ.
МВР, по увидот, ќе излезе и со повеќе информации во јавноста.
Се утврдува причината за несреќата.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Миладиновци, има загинати

Поради сообраќајна незгода од 5.35 часот. сообраќајот на автопат Штип – Миладиновци, во близина на Три Чешми, Штип, е во прекин, информираат од АМСМ.
Според АМСМ, сообраќајната несреќа е со смртни последици.