Црна хроника
Сообраќајка кај Струга, тешко повредени две лица меѓу кои и дете
Две лица од кои едно малолетно се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи вчера на локалниот пат сeлата Велешта и Добовјани.
Во несреќата, како што информираат од МВР, учествувале патничко возило „голф 5“, управувано од А.О.(28) од Струга и патничко возило „голф 4“, управувано од А.И.(20) од с.Горно Татеши, двете со струшки регистарски ознаки.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.О. и малолетен сопатник од возилото „голф 4“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од полициска екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го пријавиле за починат за да му го земат имотот: Жител од тетовско село се жали на лажна пресуда
Вчера во 15.20 часот во СВР Тетово, А.И.(80) од тетовско пријавил дека во текот на 2017 година без негово присуство во Основен суд Тетово била донесена пресуда со лажно прикажување на факти и докази.
Според пријавеното, во судот биле приложени лажни докази дека тој бил починат, а воедно од адвокат биле поднесени лажни докази – фалсификувано полномошно дека бил негов застапник и застапник на неговата ќерка.
Како што е пријавено, по донесувањето на пресудата со лажните докази Н.Ш. од истото село ја доставил пресудата во Агенција за катастар на недвижности-Тетово и неговиот имот бил префрлен на името на Н.Ш.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Битолчанец тепал 24-годишна жена и ја држел затворена во викендица
СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
На 21.10.2024 пријавениот во повеќе наврати физички нападнал 24 – годишна жена и против нејзина волја ја држел во неговата викенд куќа во битолско, каде што, исто така, физички ја напаѓал.
Топ
38-годишен маж силувал малолетник во Струмица
Синоќа во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38 – годишен жител на Струмица.
Тој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетник од Струмица.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.