Црна хроника
Со автомобил удрил во пешак и побегнал
Тешко повреден 62-годишен маж од селото Мусинци-општина Новаци, откако вчера во него удрил автомобил на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош, а возилото го напуштило местото на настанот.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: при претрес во неговиот дом во Кисела Вода пронајдена дрога
Вчера во 21:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 21-годишниот Л.Б. од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.

