Црна хроника
Со електричен велосипед удрил во пешак во Ѓорче, човекот е тешко повреден
Седумдесет и петгодишен скопјанец е тешко повреден откако во него удрил електричен велосипед.
„На 12 јуни во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Македонска војска“ во Скопје, електричен велосипед управуван од Н.М.(26) од Скопје удрил во пешакот Д.К.(75) од Скопје“, објави МВР
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
