Црна хроника
Татко и син под истрага за откриена импровизирана работилница за оружје во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против татко и син за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„При претрес во домот на двајцата осомничени, на улицата ‘Методија Митревски’ во Скопје, вчера биле пронајдени поголемо количество оружје, разна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница. Претрес бил извршен и во викенд-куќа на семејството во селото Раштак, каде што било пронајдено дополнително количество оружје и муниција“, соопшти Обвинителството.
На осомничените на возраст од 73 и 46 години определен им е притвор поради можност за бегство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.