Црна хроника
Татко и син претепани во Охрид
Во вторникот вечерта, во Охрид биле претепани татко и син, а синот се здобил и со внатрешно крварење во мозокот.
Имено, три лица на бул.„Туристичка“, го начекале У.И. (18) кој се движел со возило, а откако застанал тие почнале да викаат на висок тон и со раце и нозе да удираат по возилото, при што го оштетиле предниот браник и го скршиле задното десно стоп светло.
У.И. се исплашил и заминал, по што телефонски му кажал на неговиот татко. За кратко време кога поминал покрај кај кафе бар го забележал неговиот татко паднат на земја, а истите лица го удирале по телото со дрвена летва и железна прачка.
Кога У.И.(18) отишол да му помогне, лицата физички го нападнале и него, по што побегнале од местото на настанот. На двете лица им била укажана лекарска помош, при што кај У.И. (44) се констатирани телесни повреди, а кај У.И. (18) биле констатирани тешки телесни повреди односно внатрешно крварење на мозокот. Тие ќе бидат задржани на понатамошно лекување во медицинскиот центар Охрид.
Извршен бил увид на местото на настанот и подигнати биле предмети за понатамошна постапка. СВР-Охрид презема мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

