Црна хроника
Тепачка меѓу затвореници во Штип: пред затворот стасала и поддршка од 30 лица со дрвени и остри предмети

Синоќа во 23.57 часот во СВР Штип, Ш.Н. од с.Батинци, скопско, пријавил дека му се јавил неговиот син З.Н.. кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип и му рекол дека има информации дека во текот на ноќта ќе биде нападнат.
Исто така, околу 00.00 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи затвореници и дека имаат сознанија дека кон затворот се упатени повеќе лица како поддршка на едната група.
Полициски службеници од СВР Штип пред затворот затекнале 30 лица со 10 возила и при преглед на лицата и возилата, биле пронајдени и одземени дрвен и остар предмет.
За време физичката пресметка во установата, со повреди се здобил еден вработен, кој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување на помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.