Црна хроника
Тетовец од домот на татко си украл над пет милиони денари
Тетовската полиција расчисти тешка кражба што ја пријавил 51-годишник од тетовското село Јанчиште на 6 октомври.
За кражбата се товари неговиот 25-годишен син за кого постои сомнеж дека во изминатите три недели од метална каса во домот одзел 5.199.000 денари.
Од МВР соопштија дека против 25-годишникот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за жител на Миладиновци, истоварил 43 буриња со амонијак на државно земјиште
Полицијата поднесе кривична пријава против 62-годишниот Д.М. од селото Миладиновци поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
Според полицијата, на 12 ноември 2025 година пријавениот со товарно возило истоварил 43 метални буриња исполнети со водени раствори на амонијак на земјоделска површина во атарот на неготинското село Кукуричани.
Како што соопштија од полицијата, земјиштето на кое биле оставени бурињата е во државна сопственост.
Црна хроника
17-годишник од Карбинци паднал од коњ, со тешки повреди пренесен во болница
Вчера од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од с.Почивало, општина Карбинци.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од коњ и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид.
Црна хроника
20-годишникот кој се удави вчера во Струга бил со педалинка во езерото – МВР со детали
Дваесетгодишниот С.С. починал во Медицинскиот центар во Струга, откако преходно бил изваден од водите на Охридското езеро на „Машката плажа“.
Според информациите од полицијата, тој бил со педалинка во езерото.
„Бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош,а во 16:05 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, соопшти МВР.
Извршен е вид од увидна екипа на ОВР Струга.
