Топ
Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од 21 часот сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.
Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера во 20:55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол во која учествувале три возила.
Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесени во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелскиот министер за одбрана се закани: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа наскоро“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја плати цената“ за нападите на Иран врз израелските цивили.
„Арогантниот диктатор во Техеран стана кукавички убиец кој го таргетира израелското цивилно население за да ги спречи ИДФ (Израелските одбранбени сили) да продолжат со нападите што ги осакатуваат воените капацитети на Иран. Народот на Техеран ќе ја плати цената, и тоа наскоро“, рече Кац во објава на платформата Икс.
הדיקטטור הרברבן מטהרן הפך לרוצח פחדן שיורה ירי מכוון לעבר העורף האזרחי בישראל כדי להרתיע את צה"ל מהמשך המתקפה שמקריסה את יכולותיו.
תושבי טהרן ישלמו את המחיר ובקרוב.
— ישראל כ”ץ Israel Katz (@Israel_katz) June 16, 2025
Изјавата доаѓа еден ден откако истиот министер вчера се закани: „Ако врховниот лидер на Иран, Хамнеи, продолжи да испукува ракети врз израелски цивили, Техеран ќе гори“, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Пораките на Кац доаѓаат во време кога размената на напади меѓу Иран и Израел продолжува, при што бројот на жртви расте од двете страни. Израелските власти велат дека Иран намерно гаѓа цивилни цели, додека Иран вели дека се одмаздува за „израелската агресија и злосторства“.
Свет
Ирански медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер северно од Техеран

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али Хамнеи беше преместен во подземен бункер во Лавизан, североисточен Техеран, изјавија за „Иран интернешнл“ два добро информирани извори во Иран.
Сите членови на семејството на Хамнеи, вклучувајќи го и неговиот син Моџтаба, се со него, велат изворите.
Според истите извори, за време на претходните операции против Израел, Вистинско ветување 1 и Вистинско ветување 2, семејството на врховниот лидер исто така било преместено во бункерот.
Во тоа време, Моџтаба бил со него, но неговите двајца синови, Масуд и Мостафа, не биле.
Најмалку 19 мртви во Израел од петокот, Иран вели дека кај нив се убиени 224
Најмалку 19 лица се убиени во Израел од петокот, вклучувајќи четворица убиени во иранските ракетни напади во текот на ноќта, соопшти израелската служба за итни случаи Маген Дејвид Адом. Судирите ескалираа во петокот, кога Иран и Израел почнаа да разменуваат напади.
Во меѓувреме, иранското министерство за здравство соопшти дека во израелските напади низ Иран од петокот загинале 224 лица.
Свет
Израел: Го нападнавме седиштето на елитната единица на Иранската гарда во Техеран

Израелската војска објави дека нејзините борбени авиони извршиле напад врз седиштето на Кудс силите во Техеран, тврдејќи дека таму се планираат операции против Израел.
„Врз основа на прецизни разузнавачки информации, израелските воздухопловни сили го нападнале командниот центар на Кудс силите на Револуционерната гарда и иранската армија. Од овој центар, оперативците планирале напади врз Израел преку иранските сојузници во регионот“, соопшти ИДФ на платформата Икс.
חיל האוויר תקף מפקדות של כוח קדס בטהראן
מטוסי קרב של חיל האוויר תקפו מפקדות של כוח קדס במשמרות המהפכה וצבא איראן, בהכוונה מודיעינית ומדויקת של אגף המודיעין.
במפקדות אלה תכננו פעילי קדס פעולות טרור נגד ישראל באמצעות שלוחותיו של המשטר האיראני במזרח התיכון pic.twitter.com/pR03DBbzMK— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) June 16, 2025
Што е Кудс?
Кудс силите се елитна единица во рамките на Иранската револуционерна гарда, одговорна за операции надвор од Иран. Тие дејствуваат преку мрежа на сојузници и сојузнички групи, вклучувајќи го Хезболах во Либан, шиитските милиции во Ирак и Хутите во Јемен. Се сметаат за клучна алатка на иранското влијание во регионот и често се поврзуваат со напади врз израелски цели и американски интереси. Западните земји, вклучувајќи ги САД и ЕУ, ги означија Кудс како терористичка организација со години поради нивната улога во вооружените активности низ Блискиот Исток.