Црна хроника
Три лица од кривопаланечко нападнале полициски службеници

Полицијата од Крива Паланка поднесе кривична пријава против три лица од село Псача, кривопаланечко, поради напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
„На 02.08.2018 година околу 17.30 часот во село Псача, во комплексот на манастирот „Свети Никола”, пријавените физички нападнале тројца полициски службеници“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Бик го усмртил својот сопственик на сточниот пазар во Гостивар

Жител на селото Врбен во општина Маврово Ростуше починал од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар.
Според СВР Тетово, денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С. од гостиварското село Врбен.
Пензионерот се обидел да го наведе животното да се симне од приколката на камионот, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад”, каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош, но тој им подлегнал на повредите.
Црна хроника
Прегазил пешак и побегнал, полицијата го пронашла

На 7.7.2022 околу 00:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул. Јордан Мијалков и ул. Македонија, патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(31) од Скопје.
По несреќата, Н.М. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден и приведен.
По несреќата, С.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Во Охрид уапсен жител на Љубојно осомничен за тешка кражба

МВР информира дека на 6.7.2022 во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од Одделeнието за криминалистичка полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода Ѓ.З.(31) од с. Љубојно, Ресенско.
Тој бил баран по централен распис од СВР Битола, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
Притоа, кај него биле пронајдени пари, во различни апоени и валути и повеќе други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.