Црна хроника
Турска државјанка фатена со фалсификуван бугарски пасош на скопскиот аеродром
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 19-годишна државјанка на Турција за кривично дело фалсификување исправа.
„На 16 март, на Меѓународниот аеродром Скопје, при обид да ја помине пасошката контрола за летот кон Лондон-Лутон, таа употребила фалсификувана бугарска патна исправа. Употребениот пасош се разликувал од оригиналниот примерок на патна исправа издадена од Република Бугарија по однос на повеќе заштитни знаци. При проверка на личниот багаж на обвинетата било утврдено дека таа поседува оригинална турска лична карта од која бил утврден нејзиниот идентитет“, соопшти обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

