Црна хроника
Уапсени двајца шверцери на мигранти

На 06.11.2024 во 21.10 и 21.30 часот во близина на с.Костурник, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода И.Н.(32) од с.Крушопек, скопско и Г.П.(50) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Претходно, околу 19.15 часот во близина на с.Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал. Притоа, тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, а откако биле употребени средства за присилно запирање на возилото го напуштиле возилото. Веднаш потоа мигрантите биле пронајдени и биле сместени во Транзитниот центар Табановце, а по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода и ИН. и Г.П..
Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По извршени проверки било утврдено дека И.Н. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот каде што издржувал шестгодишна затворска казна за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 Б од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.