Црна хроника
Уапсени двајца разбојници кај мостот на Сарај, фатени со вреќа пари

Денеска, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј. Л. (23) од с. Крушопек и Ш. И. (31) од Скопје, кои се сомничат дека во 15.30 ч во продажен салон на подрачјето на Ѓорче Петров со закани со оружје кон вработените одзеле пари и производи, информираат од МВР.
Од таму соопштија дека при обидот за бегство со ПМВ „фолксваген кеди“ биле забележани од полициски службеник од Полициската станица Ѓорче Петров, кој во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Сарај во близина на мостот кај Сарај успеале да го запрат возилото, во кое биле пронајдени една црна вреќа со украдените пари, производи и автоматска пушка, а двете лица се дале во бегство.
Полицијата информира дека малку подоцна во близина на с. Кондово тие биле пронајдени и приведени, а во непосредна близина биле пронајдени пиштол, пари, мобилни телефони и други предмети поврзани со кривичното дело.
Разојниците се сомничат дека извршиле уште две кривични дела разбојништво, кои во службен разговор ги признале.
Увид ќе се врши и по документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
178 казнети возачи во Скопје, 29 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…
Засилените акциски контроли продолжуваат.
Црна хроника
Повреден малолетник и оштетен автобус кај Ѓорче Петров

Малолетник од Волково бил повреден откако едно лице фрлило со тврд предмет во стаклото од автобус на раскрсницата од ул. Лука Геров со ул. Тиранска во Скопје, соопшти полицијата.
Имено, вчера во 15:51 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, А.П. пријавил дека додека управувал автобус со скопски регистарски ознаки, на раскрсница од ул. Лука Геров со ул. Тиранска во Скопје, едно лице, фрлајќи со тврд предмет, оштетило стакло од автобусот и повредило малолетен патник од с.Волково, Скопско, на кого му била укажана лекарска помош.
За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Истрага против две лица за разбојништво во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постоело основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Двајцата осомничени, на 4 август, влегле во продажен салон за бела техника и апарати на улицата Ѓорче Петров и на тројцата вработени им се заканиле со автоматска пушка и пиштол.
Од продажниот салон противправно одзеле 96.000 денари и 20 мобилни телефони.
По извршеното разбојништво, во автомобил со регистарски таблички од друго возило, осомничените го напуштиле местото и се упатиле кон Сарај. Притоа биле забележани од полициски службеници кои неколкупати се обиделе да го сопрат возилото, но осомничените ја зголемувале брзината. Во близина на мостот Сарај, на излез од Скопје, биле запрени и лишени од слобода.
За едниот осомничен јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, додека другиот осомничен се наоѓа на издржување казна затвор за друго кривично дело во КПУ Прилеп, информираа надлежните.