Црна хроника
Уапсени пијани возачи од Велес, Росоман и од Демир Капија: едниот имал 2,65 промили алкохол во крвта, друг излетал од патот
Ноќеска во 22:55 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ц.Т.(61) од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,65 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќајот и задржан во полициска станица Велес. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Денеска (28.08.2025) во 02:10 часот на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода Г.П.(42) од Росоман. Истиот, околу 01:50 часот управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во полициска станица Велес и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Денеска (28.08.2025) во 00:35 часот на ул.„Маршал Тито“ во Демир Капија, полициски службеници од Полициска станица Демир Капија, го лишиле од слобода Д.Н.(44) од Демир Капија. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со демиркаписки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,31 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил ислучен од сообраќајот и задржан во полициска станица Велес. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Охриѓанец приведен откако со дрвен предмет и нож нападнал сограѓанин
Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, на 31 јануари 2026 година во 23:20 часот, го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, по пријава за насилен инцидент што се случил на улицата „Марко Нестороски“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрвин со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон него. Со брза интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен, со цел спречување на понатамошна ескалација на насилството.
По целосно документирање на настанот, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.

