Топ
Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени локации во градот, а сторителот е фатен, јавува „А1он“.
„Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улицата Иво Рибар Лола и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција, пожарите се локализирани и изгаснати“, изјави Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.
„На улица Ленин во врска со кривично дело предизвикување општа опасност од слобода е лишено лицето К. О. (43) од Тетово. Тоа е задржано во полициска станица за натамошна постапка“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дождот не помогна многу – чадот од Дрисла и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот во депонијата Дрисла, што се чувствува во воздухот во Скопје.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека секојдневно се истурале тони вода, но чадењето продолжувало. Вчера властите прибегнаа и кон затрупување на опожарените делови, но депонијата продолжи да гори и утрово.
Ангелов најави дека во 12.00 часот ќе одржи прес конференција на која детално ќе информира за сите активности кои се превземаат на депониите Дрисла и Вардариште.
Жителите на Ново Лисиче, Аеродром, Центар, Драчево и Кисела Вода, синоќа на социјалните мрежи реагираа дека надвор не се дише и мириса на изгорено. Ангелов кажа дека ветрот го сменил правецот и чадот од депонијата се упатил кон Скопје.
Македонија
Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.
„Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, за чесно и одговорно управување со нашата општина,“ порача Салиу во неговиот говор пред жителите на општина Шуто Оризари.
Салиу најави дека приоритет ќе биде изградба на инфраструктура која ќе донесе квалитетен живот за сите жители, како што се асфалтирани улици до секој дом, проширен водовод и канализација, LED осветлување и безбедни пешачки патеки, како и нови социјални станови за семејствата што долго чекаат покрив над глава.
„Посебно внимание ќе биде посветено на образованието и културата преку изградба на модерно основно училиште, поддршка на културните институции и создавање услови младите да ја носат ромската традиција во срцето, а знаењето да го градат според најсовремените методи“, истакна Салиу.
Салиу наајави и формирање на мобилен здравствен тим, целосна обнова на амбулантата, изградба на дом за повозрасни и формирање на Фонд за поддршка на ранливите семејства.
Свет
Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници на палестинската милитантна група Хамас во Катар не била мудра.
Детали од разговорот објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на високи претставници на администрацијата.
Весникот наведува дека Трамп тоа го изјавил за време на жешкиот телефонски разговор со Нетанјаху во вторникот по нападот врз припадници на Хамас во Доха, пренесува „Ројтерс“.
Според весникот, Нетанјаху одговорил дека имал краток временски простор за поведување на нападот и дека ја искористил можноста.
Вториот разговор меѓу двајцата лидери, кој се одржал подоцна истиот ден, според извор од претседателската администрација, бил срдечен, а Трамп го прашал Нетанјаху дали нападот бил успешен.