Контакт

Црна хроника

Убиство во Прилеп: Маж ја избоде љубовницата пред очите на синот

Објавено пред

Синоќа на улицата „Круме Волнарски“ во Прилеп се случило громорозно убиство.

Како што соопшти МВР, убиена е 33-годишна жена (Е.Г.), од страна на нејзиниот љубовник, во неговиот дом. Се работи за 36-годишен маж со иницијали Х.К. кој ја усмртил жената со неколку убоди со нож во пределот на градниот кош.

Полицијата јави дека жртвата во домот на убиецот дошла заедно со нејзиниот син.

Убиецот е приведен, а телото на жената е дадено на обдукција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Албански државјани обвинети за непочитување на полицискиот час во Струга

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица, државјани на Република Албанија, заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на возраст од 26 и 20 години, на 29 март околу 19 часот се движеле по улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга, при што биле затекнати од овластени полициски службеници. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19.

Јавниот обвинител на Судот му предложи да им изрече парична казна на обвинетите во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 30 евра во денарска ​противвредност.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Парични казни за двајца кумановци поради непочитување на полицискиот час

Објавено пред

Двајца кумановци се казнети со глоби во износ од 1.000 евра поради непочитување на полицискиот час, кој е воведен поради епидемијата на коронавирусот.

Како што наведува ОЈО Куманово, обвинетите на 25 март, за време на полицискиот час, со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање на заразата со Ковид-19.

За стореното кривично дело, јавниот обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен стружанец кој крадел за време на полициски час

Објавено пред

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 31-годишник од овој град под сомнение дека сторил кривични дела тешка кражба и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, во неделата, 29 март, за време на полицискиот час во 16.35 часот, при контрола за спроведување на мерките за ограничено движење поради коронавирусот, полицијатa го затекнала пријавениот на улицата Боро Хаџиески – Путе во Струга.

По дополнително преземени активности, констатирано е дека тој, претходниот ден, односно 28 март (сабота), извршил тешка кражба во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде што, по насилното влегување, одзел повеќе видови електрични машини и апарати.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 минути

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите, министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, наместо досегашните над илјада евра за дел...

Македонија1 час

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески на 8 години затвор,...

Свет2 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет4 часа

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија5 часа

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Свет6 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет6 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет6 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија7 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија17 часа

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија18 часа

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија18 часа

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија19 часа

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Македонија20 часа

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката...

Свет22 часа

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Македонија23 часа

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија24 часа

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Македонија1 ден

Досега во организација на МНР вратени се 1.842 македонски граѓани од странство

По апелот за пријавување македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по...

Македонија1 ден

Здравствени работници направиле прекршоци во случајот на стружанката која почина од коронавирусот

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирусот, која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар, не...

Досие