Црна хроника
Украден автомобил на жител од Дебар
Жител од Дебар бил измамен кога од него било побарано да го изнајми својот автомобил, а потоа лицето на кое возилото му било изнајмено не го вратило, информираат од МВР.
Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против лицето Џ. С. (43) од скопското село Шишево поради сомнение за сторено кривично дело измама.
Тој на 9.1.2021 го довел во заблуда Д. М. од Дебар, од кого претходно изнајмил возило „БМВ X5“.
По истекување на договорот за изнајмување, пријавениот не му го вратил возилото на оштетениот со образложение дека му го одзеле лица на кои наводно им должел пари.
По преземените мерки, полициските службеници констатирале дека пријавениот направил фалсификуван купопродажен договор во кој прикажал дека оштетениот му го продал возилото. Потоа го одјавил и го продал на лице од Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од три лица во Скопје кои му барале пари
Малолетник синоќа бил нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Мигранти од Непал фатени во обид илегално да ја преминат границата со Грција
Синоќа, во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција.
Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основниот суд во Гевгелија.
По негови насоки, ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу две возила во Кумановско
Вчера, во 6.25 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с. Макреш, атар на с. Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј. С. (45) од Куманово, и патничко возило „рено меган“, управувано од А. С. (36) од с. Канарево, Кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Ј. С., а неговиот сопатник С. А. и другиот возач А. С. добиле телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.