Топ
Фатен е малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово (ВИДЕО)
Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Македонија, лоциран во Куманово, соопшти МВР.
Како што се наведува во соопштението од МВР, веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому
Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите Американски Држави и со секој напор за заштита на глобалниот мир, стабилност и безбедност, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со последните случувања на Блискиот Исток.
„Алијансата со САД не е само дипломатска ориентација. Тоа е стратешка и вредносно заснована определба. Наш избор е да бидеме на страната на демократијата, основните слободи, владеењето на правото и меѓународната одговорност. Нашата земја, а особено албанскиот народ, добро знаат што значи американската поддршка во одлучувачки моменти од нашата историја, поради што дури и денес стоиме покрај нашиот најголем стратешки партнер. Нападите и дестабилизирачките акти на Иран што ја поткопуваат безбедноста на земјите од Заливот и ја загрозуваат кревката архитектура на мирот на Блискиот Исток не служат никому. Тие не служат на развојот, не служат на коегзистенцијата, ниту на легитимните аспирации на народите за просперитет“, вели Ахмети.
Тој додава дека секој режим што избира конфронтација наместо соработка и извезува кризи наместо дијалог се става во спротивност со духот на нашето време.
„Веруваме дека безбедноста во Персискиот Залив и Блискиот Исток е глобален интерес. Слободата на движење, енергетската стабилност, борбата против тероризмот и заштитата на меѓународниот поредок се споделени одговорности. Во овој контекст, улогата на Соединетите Американски Држави останува незаменлива како гарант на рамнотежата и фактор на стабилност.
Албанците недвосмислено го избраа западниот пат. Ние сме дел од сојуз на вредности, дел од евроатлантската заедница и активни придонесувачи за колективниот мир и безбедност. Нашата поддршка за Соединетите Американски Држави е поддршка за побезбеден, поправеден и послободен свет“, вели Ахмети.
Македонија
Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани
Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно, рекол премиерот, Христијан Мицкоски, во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.
Тој изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите.
„Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност. Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Во време на растечка неизвесност, неопходни се одговорност, координација со сојузниците и јасна определба за спречување на понатамошна ескалација. Во разговорот ја нагласив и потребата од засилена грижа и координација за безбедноста на македонските граѓани кои се наоѓаат во регионот. Информирав дека институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно“, вели Мицкоски.
Тој додава дека Македонија, во контекст на своите стратешки интереси и сојузништва, ќе продолжи да дејствува принципиелно, внимателно и одговорно, во интерес на стабилноста и безбедноста.
Свет
(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби
Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби и Бахреин. Гласни експлозии одекнуваа низ целиот регион, а според првичните извештаи, воздушната одбрана беше активирана во неколку земји.
Во Дубаи, дописникот на CNN сними „две последователни експлозии“ и млазни авиони што прелетуваат над нив. Во главниот град на Катар, Доха, се слушнаа „прилично гласни“ удари. Екипата во Абу Даби објави дека слушнала „огромна експлозија“.
تصاعد الدخان من السفارة الأمريكية في البحرين pic.twitter.com/lr6cUuuGNM
— Alasad Hasanain (@alimoonj) March 2, 2026
Дописниците на Ал-Арабија и Ал-Хадат известуваат дека кувајтската воздушна одбрана пресретнала непријателски цели над крајбрежниот појас.
Сирените за воздушен напад повторно се огласија во Кувајт, а според непотврдени информации, над американската амбасада се издигаше чад.
BREAKING:
Reports of a U.S. F-15 fighter jet having been downed over Kuwait moments ago in a friendly fire incident pic.twitter.com/rWHxiaPbl1
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 2, 2026
Се појавија и снимки на кои наводно се гледа падот на американски борбен авион на северот од земјата.
Во исто време, новинските агенции објавија гласни и бројни експлозии во Доха, Дубаи и Абу Даби, додека густ чад се извишуваше над областа Џуфер во Бахреин.
Бригадниот генерал Мохамед Ал-Мансури, директор на Кувајтската цивилна одбрана, потврди дека вооружените сили одбиле воздушен напад на северот од земјата.
„Звукот од експлозии што се слушаше низ целата земја беше резултат на пресретнувањето на непријателски беспилотни летала и ракети“, објасни Ал-Мансури, додавајќи дека нападите биле запрени во близина на областите Салва и Румаитија и дека немало жртви. Министерството за одбрана на Кувајт, исто така, соопшти дека силите за воздушна одбрана „ефикасно пресретнале голем број непријателски воздушни цели“, потврдувајќи исто така дека немало жртви.

