Контакт

Топ

Фирма од Крива Паланка не платила акциза за увоз на тутун во висина од над милион и пол евра

Објавено пред

Царинската управа поднесе кривична пријава до кумановското Основното јавно обвинителство против фирма со седиште во Крива Паланка, поради сомнение дека сторила кривично дело избегнување на плаќање акциза.

Како што информираат од Царинската управа, станува збор за увезен необработен тутун во вкупна количина од 56.799 килограми, кој потоа бил пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 102.238.200 денари (1,6 милион евра).

Се работи за пет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на фирмата од Крива Паланка, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Објавено пред

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче.

Снимката прво беше објавена од порталот Поглед.ба, а наскоро беше пренесена и од други медиуми во БиХ.

Видеото е направено вечерта на 10 април, а на него се гледа како млад човек трча кон влезот на зграда. Наскоро го стигнува еден полицаец, а потоа и друг.

Настанот најверојатно е снимен од надзорната камера поставена на влезот од зградата. Полицајците дивјачки го претепале момчето. Прво со раце, а потоа и со нозе.

Подоцна се дозна и идентитетот на жртвата на полициската бруталност, Славен Блажевиќ, кој во изјава ја раскажал својата страна на приказната и дал детали за нападот:

„Бев кај пријател во соседната зграда и во тие моменти одев кон мојата зграда. На пат кон дома забележав полициско возило како застанува малку подалеку од мене и во тој момент побрзав да влезам во зградата свесен дека го прекршив законот за забрана за движење, во обид да избегнам можна казна“, рекол тој на почетокот од своето објаснување:

„Како и да е, полицијата ме фати пред зградата. Видеото покажува што се случи понатаму. Се извинив што го прекршив полицискиот час, понудив да ја платам казната, но тие почнаа да ме удираат. Потоа, ме одведоа во полициска станица. Во возилото неколку пати им реков дека не ми е добро. Во станицата ми издадоа налог на кој пишуваше дека сум го прекршил правилото за движење. Никаде не беа споменати повредите, само пишуваше дека сум ја прекршил забраната за движење од 21 до 5 часот. Откако го напишаа прекршочниот налог, ме пуштија да одам дома пеш“, изјавил Славен за Поглед.ба, додавајаќи дека на пат до дома тој постојано стравувал дека повторно ќе биде зaпрен поради прекршување на забраната.

„После тоа, отидов на итен медицински преглед, сам, бидејќи не се чувствував добро. Дури и повраќав неколку пати додека одев  кон дома“, објаснува тој.

Исто така за медиумите потврдил дека ангажирал и адвокат, односно дека ќе покрене приватна тужба против двајцата полицајци.

Полицијата веќе му се извини на момчето и соопшти дека полицајците се суспендирани, а случајот му е предаден на Обвинителството.

„Двајцата полицајци веднаш беа отстранети од должноста, започната е внатрешна истрага за да се испитаат сите аспекти на ваквото однесување и да се утврди постоењето на елементи на кривична одговорност на полициските службеници. Првичните информации за настанот беа проследени до Обвинителството. Ваквото однесување и вакви личности не можат и не смеат да имаат место меѓу полициските службеници“, се наведува во соопштението на Министерството.

Попладнево стотици граѓани на Мостар се собраа пред две полициски згради во центарот на градот во знак на протест против полициската бруталност над младиот човек.

Прикажи повеќе...

Свет

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Објавено пред

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не е решен, но дека може да се стави под контрола за неколку месеци, преку докажаните мерки во заштитата на јавното здравство.

„Ројтерс“ пренесува дека Тедрос на денешната прес-конференција изјавил оти СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата да продолжат непречено, но дека во моментов одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се пренатрупани и луѓето умираат, но и дека е апсолутно можно да се избегне тоа.

„Пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена, но имаме многу причини за оптимизам. Падот на бројот на нови инфекции и смртни случаи во текот на првите два месецa од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени“, нагласил директорот на СЗО.

Тедрос исто така рекол дека зголемениот пренос на инфекцијата најмногу се должи на конфузија и недоследност во спроведувањето на мерките за заштита на јавното здравје.

Прикажи повеќе...

Топ

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Објавено пред

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица „Бит-пазар“.

Како што информираат од обвинителството, 47-годишникот провалил во автомобил „ауди“ на булеварот Никола Карев, при што одзел пари, банкарски картички, две службени легитимации од МВР и картичка за влез во МВР, како и други предмети во вкупна вредност од 50.000 денари.

Кога ја забележал оштетената како ја остава чантата на задното седиште и го заклучува автомобилот, обвинетиот употребил апарат за блокирање на сигналот и системот за затворање, со што спречил да се заклучи вратата на автомобилот.

Кога оштетената се оддалечила, тој влегол во возилото, ги одзел наведените предмети и избегал.

Јавниот обвинител до судот доставил и предлог за определувањем притвор за 47-годишникот.​

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет8 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ10 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија11 час

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет12 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија14 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет16 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија16 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија16 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија17 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет17 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет17 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет19 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија21 час

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија2 дена

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија2 дена

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија2 дена

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија2 дена

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија2 дена

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет2 дена

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Досие