Црна хроника
(Фото) Сообраќајка во Чаир: Се судрија моторцикл и автомобил, едно лице повредено
Мотор и автомобил се судрија на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир. На местото каде моторциклистот изгубил контрола од ударот и паднал, поставени се конуси.
Мотоциклистот се здобил со повреди, а полицијата врши увид на местото на несреќата.
„Од Комплесот клиники пријавено е дека било донесено повредено машко лице во сообраќајна незгода на улицата што се случила на улицата Џон Кенеди. Во несреќата учествувале скутер и патничко моторно возило. Полицијата го обезбедува местото“, велат од МВР за „Макфакс“.
По завршувањето на увидот ќе бидат познати деталите за несреќата.
(Обновено)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возило на авто-школа удрен, па натепан малолетник
Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто-школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал.
Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Мотоциклист излета од патот и тешко се повреди
Вчера во 13:30 часот во полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 13 часот во близина на фабрика во Пробиштип, Г.Ѓ.(57) од село Другово, кичевско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Рачна бомба најдена во туристичката населба Отешево
Вчера во 9 часот во полициската станица Ресен, Б.Ѓ. од Ресен пријавил дека на крабрежјето во туристичката населба Отешево, ресенско, пронашол една рачна бомба-кашикара, три артилерски чаури 60 мм и две исправни запалки мм, кои потекнувале од Првата светска војна.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се подигнати за понатамошна постапка.