Контакт

Топ

Царина: Запленети 12 килограми екстази вредни 200.000 евра

Објавено пред

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа запленија 26 илјади таблети екстази со вкупна тежина од околу 12 килограми, 84 грама кокаин и 31 грам марихуана, со проценета вредност од 200 илјади евра, кои требало да бидат дистрибуирани во земјава.

dobivaj vesti na viber

Направени се и дополнителни претреси на неколку локации и до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против три лица.

Имено, наркотичната дрога е пронајдена на ден 25.11.2022 во раните утрински часови на влез на граничниот премин Табановце, по извршена царинска контрола со мобилен скенер на патничко возило со странски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, информираат од Царинската управа,

Истиот ден по издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на инспекторите од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје и МВР-ОКП-единици за недозволена трговија со дрога, извршени се претреси на неколку адреси во Скопје и Тетово. Притоа се пронајдени дополнителни докази и се приведени уште две лица.

Царинската управа – Секторот за контрола и истраги денеска до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 3 лица за сторено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, прихотропни суптанци и прекурсори“ и за истите е предложена мерка притвор од 30 дена.

Македонија

СДСМ: Претседателот на државата да се бира на непосредни избори, а не во Собрание

Објавено пред

Остануваме на ставот претседателот на државата да се бира на непосредни избори, велат од СДСМ потенцирајќи дека идејата претседател да се бира во Собранието, наместо на избори не е нова.

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за реафирмирање на барањето на ДУИ од 2019 година коешто не беше прифатено од страна на СДСМ. Како и тогаш така и сега, ставот на Социјалдмократскиот сојуз на Македонија останува идентитечен: моделот на избор на претседател на државата не треба да се менува. Не треба да се оди назад во демократските процеси“, велат од СДСМ.

Партијата смета дека претседателот на државата треба да го бираат граѓаните на директни, непосредни избори како врвно демократско право на граѓаните. Претседателот на државата, како што велат од СДСМ,  треба да биде претставник не само на мнозинската волја на граѓаните туку и на сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност.

„Претседателот на државата е човек кој е над партиските и над етничките определби, ги претставува сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, сите. Само Претседател избран директно од страна на граѓаните има толку широк потенцијал, да може да делува во обединување на општественото, на граѓаните, на партиите и да допринесе за остварување на врвните стратешки и национални цели“, се вели во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Матичните бараат да им се одврзат рацете за рано да откриваат ретки болести: имаме ограничен пристап до лабораториски анализи

Објавено пред

Кампања за рано откривање на ретките болести во март ќе почнат Здружението „Живот со предизвици“ и Здружението на лекарите по општа и семејна медицина. Ќе тргнат од Скопје, но ќе ги посетат сите градови во земјата во кои има матични лекари и лекари по семејна медицина за да ги запознаат од блиску со проблемите, симптомите и потребите на лицата со ретки болести за да може рано да ги препознаат новите пациенти. Весна Алексовска, претседателка на Здружението „Живот со предизвици“ која и самата е пациентка со ретка болест, објасни дека одлучиле годинава фокус да стават на рано откривање оти со години од некои болести не се регистрираат нови пациенти иако тие се генетски.

dobivaj vesti na viber

„Оваа година решивме да се фокусираме на рана дијагноза поттикнати од самиот момент дека, конечно, имаме неонатален скрининг за сите новородени на фенилкетонурија, претходно беше само на некои од нив. Многу ми е мило што сега се прави, конечно, на сите. Сакаме да работиме на многу други ретки болести за да се откриваат пациенти затоа што забележавме дека години наназад нема нови пациенти од некои ретки болести. Тоа за нас е чудно зашто знаеме дека се генетски и дека семејно се пренесуваат и сфативме дека можеби е добра идеја повеќе да соработуваме со лекарите по општа и семејна медицина, со матичните, со примарното здравство. Тука го гледаме столбот. Ќе патуваме во целата држава, ќе делиме летоци, ќе разговараме со лекарите. Нема да држиме предавања со 100 луѓе, индивидуално ќе посветиме внимание“, рече претседателката на Здружението, Алексовска.

Таа денес во име на Здружението „Живот со предизвици“ потпиша меморандум за соработка со Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекарите по општа и семејна медицина. Ѓорѓиевски вели дека го прифатиле предизвикот оти матичните лекари се првите што го имаат контактот со пациентите со симптоми на каква било болест.

„Потребни сме им на тие пациенти бидејќи, како што слушнавме од претседателката на Здружението, ретките болести се откриваат во многу доцна фаза, кога веќе лековите не може да влијаат. Со здружени сили ќе се обидеме преку контакти со матичните лекари и активистите од ‘Живот со предизвици’ да се запознаат лекарите поблиску со болеста, но и да најдеме заеднички заклучоци, да настапиме пред соодветните власти и пред Министерството за здравство дека на матичните лекари треба, конечно, да им се одврзат рацете и да добијат поголем број ингеренции за да може да ги водат и рано да ги откриваат пациентите со ретки болести, да го прават скринингот. Ние сме ограничени со лабораториски анализи, кои можеме да ги изведуваме, а имаме компетенции да направиме повеќе, пред сѐ, во интерес на граѓаните со ретки болести“, рече Ѓорѓиевски.

Акцијата е превидено да почне во март во Скопје. Ќе се одвива по општини. Здружението на лекарите по општа и семејна медицина ќе ги повикува лекарите по договорени термини да се сретнат со претставници од „Живот со предизвици“ да поразговараат за нивните симптоми и за болеста за да се добие заклучок за тоа како може да си помогнат едни на други за да може да издејствуваат да влијаеме за рана дијагноза и третман на ретките заболувања. По Скопје, карванот ќе тргне во другите градови во Македонија.

„Ќе дадеме информации како се регистрираат пациентите со ретки болести, кај кој доктор треба да бидат примени за да се открие одредена болест, како се реферира за да добијат генетска анализа, како работи програмата за ретки болести. Информациите се изработени во соработка со Министерството за здравство и со Комисијата за ретки болести оти многумина прашуваат кој е начинот за да се регистрира пациент со ретка болест“, рече Алексовска.

Здружениот „Живото со предизвици“ повторно апелира навреме да се обезбедува терапија за сите ретки болести и ако треба, тендерите да се распишуваат предвреме поради сложените и долги административни процедури и да не се дозволува пациентите да останат без терапија. Претседателката Алексовска вели дека за подостапни лекови за лицата со ретки болести битна е децентрализацијата во здравството.

„Знаеме дека раната дијагноза е важна, но ако немаме ран пристап до терапија, тогаш раната дијагноза ќе ни значи, на некој начин измачување или поголем стрес. Ја имам болеста, го има лекот, јас треба да најдам начин да го добијам. Институциите тешко го прифаќаат моментот на децентрализација. Знам дека лековите се скапи, дистрибуцијата не е едноставна, но не само за ретките туку и за честите болести многу пациенти од нашата држава мора да патуваат до Скопје. Тоа создава метеж на клиниките, троши капацитет на клиниките, создава метеж и во градот, луѓето мора да допатуваат за да земат терапија и да направат контролни тестови. Мислам дека е можно решение како што е најдено за дијабетесот, да се изнајде и за ретките и хронични болести да може да се третираат и надвор од Скопје, па и да прават одредени контролни тестови“, вели Алексовска.

Таа е задоволна што, конечно, заврши годишниот тендер за набавка на лекови за ретки болести. Нагласи дека се набавени нови лекови за ретки болести, но укажа дека државата треба да ги смени правилата за да може да ги увезе најновите лекови за кои сега важи правилото: првин да помине една-две години од нивната употреба во други земји, па потоа да ги увеземе.

Прикажи повеќе...

Топ

Пукање среде бел ден во угостителски објект во Чаир, маж застрелан во ногата

Објавено пред

Маж бил застрелан во ногата во угостителски објект вчера на пладне во скопската населба Чаир.

dobivaj vesti na viber

„Полицијата го приведе А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по пријава дека вчера околу 14 часот во угостителски објект на улицата Ќемал Сејфула пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата“, објави МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

СДСМ: Претседателот на државата да се бира на непосредни избори, а не во Собрание

Остануваме на ставот претседателот на државата да се бира на непосредни избори, велат од СДСМ потенцирајќи дека идејата претседател да...

Македонија14 часа

Матичните бараат да им се одврзат рацете за рано да откриваат ретки болести: имаме ограничен пристап до лабораториски анализи

Кампања за рано откривање на ретките болести во март ќе почнат Здружението „Живот со предизвици“ и Здружението на лекарите по...

Топ14 часа

Пукање среде бел ден во угостителски објект во Чаир, маж застрелан во ногата

Маж бил застрелан во ногата во угостителски објект вчера на пладне во скопската населба Чаир. „Полицијата го приведе А.К.(36) од...

Македонија15 часа

Укинат притворот за шестемина осомничени за упадот во М-НАВ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, достави предлози...

Македонија16 часа

Ковачевски ја праша опозицијата кое им е мислењето за уставното име: Или Северна или никогаш Северна, ако си маж, биди маж до крај

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека рокот на траењето на патните исправи за меѓународна употреба е согласно закон, усогласен...

Македонија16 часа

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање патни документи за професионалните возачи

На сите транспортери и превозници, кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се...

Македонија17 часа

На Ковачевски не му е незгодно што побарал апанажа, вели: сѐ е според законот

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој беше во посета на компанијата Киел Македонија ДООЕЛ Желино, на прашањето дали не му...

Македонија18 часа

Бараме масивна поддршка од Албанците за Османи за да ни се овозможи да го измениме Уставот, вели Арбер Адеми

„Демократска Унија за Интеграција, како што најави во текот на вчерашниот ден лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи...

Македонија20 часа

Прилепчанецот што исчезна пред два дена пронајден мртов, погребот ќе се одржи денеска

Александар Јошески од Прилеп, кому му беше изгубена трагата завчера попладне, синоќа беше пронајден починат. На „Фејсбук“ се огласи и...

Македонија20 часа

41-годишна Македонка избодена до смрт пред очите на малолетниот син во Германија: сопругот е главниот осомничен

41-годишна Македонка била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, пренесува германски „Билд“. Повредите на Македонката, како...

Свет21 час

Израел испраќа тим предводен од шефот на Мосад на преговори во Париз

Воениот кабинет на Израле денеска испраќа преговарачки тим во Париз. Тимот ќе го предводи шефот на Мосад, Дејвид Барнеа. Тие...

Македонија22 часа

Бојмацалиев на граница ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши: апелира, граѓаните навремено да ги поднесат барањата за промена на пасошите

Синоќа, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, на граничниот премин Богородица ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши демонстрирајќи...

Македонија22 часа

ДПМНЕ и министерот за внатрешни целосно го заглавија процесот на вадење пасоши, велат од СДСМ

ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши, оценуваат од владејачката СДСМ. Од една страна,...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ги затворија граѓаните во својата држава, пратениците на СДС и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста на пасошите

Пратениците на СДС и ДУИ имаат шанса колку толку, да ја исправат својата грешка со пасошите и малтретирањето на целиот...

Европа22 часа

(Видео) Голем пожар зафати зграда во Шпанија, има загинати и исчезнати

Најмалку 4 лица загинаа во голем пожар кој зафати зграда во шпанскиот град Валенсија. Повредени се 14 лица, меѓу кои...

Свет22 часа

(Видео) Верижен судир на повеќе од 100 возила на автопат во Кина, неколку повредени

Неколку лица се повредени во Кина, во верижен судар во кој учествувале повеќе од 100 автомобили, јавија денеска кинеските државни...

Македонија2 дена

Коалицијата Вреди: Али Ахмети се исплаши од Таравари, Бујар Османи оди курбан

„Изјавата на Ахмети за „големата вест” потврдува најмалку две работи. Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени...

Македонија2 дена

Застарува предметот „Моќник“, во кој е обвинет Антонијо Милошоски

Предметот „Моќник“, во кој е обвинет пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, застарува, соопшти Кривичниот суд. „Поради интерес на медиумите и...

Македонија2 дена

Синдикатот ги повика пратениците: Не гласајте измени со кои судската администрација нема да добие покачување на платата од 2.000 денари

Претседателката на Независниот синдикат на судска администрација, Јасмина Величкова, ги повика пратениците да не ги гласаат законските измени со кои...

Македонија2 дена

Лекарската комисија не дала прецизно мислење од што треба да се лекува Леонид, Фондот за здравство вина гледа и во законот

Вината за случајот со младиот Леонид, Фондот за здравство ја гледа во првостепената лекарска комисија која го донела конзилијарното мислење,...