Контакт

Топ

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Објавено пред

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од полицијата, изутринава во 7.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ се донесени Н.Н.(45), Е.В.(27), С.С.(48) од Скопје и Б.М.(35) од Скопско, кои се здобиле со повреди на работно место во „Макстил“.

„Од четворицата повредени, еден е потешко повреден и е згрижен на КАРИЛ, а другите тројца се пуштени на домашно лекување.На терен постапува Државен трудов инспектор“, информираат од МВР.

Свет

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Објавено пред

Од

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува да го проверува подрачјето каде што се случила железничката несреќа во Адамуз, користејќи ги сите расположиви ресурси, вклучително и хеликоптери.

dobivaj vesti na viber

Погледнете го видеото објавено од службите за итни случаи кое покажува како изгледа моментално местото на железничката несреќа во Адамуз.

Во возот имало 294 лица, вели компанијата што го поседува возот што прв излета од шините.

Поради сериозната несреќа, премиерот на Шпанија, Педро Санчез, ја откажа посетата на Светскиот економски форум, кој се одржува во Давос, Швајцарија, од 19 до 23 јануари.

Санчез ги откажа сите планирани обврски за добивање информации од прва рака за ситуацијата по излетувањето на два брзи воза што се случи вчера.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во кое го информира дека „не се чувствува обврзан да работи исклучиво на мирот“, со оглед на тоа што „неговата земја одлучи да не му ја додели Нобеловата награда за мир“.

dobivaj vesti na viber

„Драг Јонас, бидејќи вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир, иако спречив најмалку осум војни, повеќе не се чувствувам обврзан да размислувам само за мир, иако тоа секогаш ќе биде доминантно, но сега можам да размислувам за тоа што е добро и исправно за Соединетите Американски Држави. Данска не може да го заштити Гренланд од Русија или Кина. Зошто би требало да има какви било „права на сопственост“?“, се вели во пораката на Трамп.

„Нема пишани записи; само еден брод се закотвил таму пред стотици години, но и ние сме прикотвиле бродови таму. Јас направив повеќе за НАТО од која било друга личност од неговото основање, а сега НАТО треба да направи нешто за Соединетите Американски Држави. Светот не е безбеден ако немаме целосна контрола врз Гренланд. Ви благодарам! Претседателе ДЈТ“, се вели во пораката на Трамп до норвешкиот премиер.

Норвешкиот дневен весник „Верденс Ганг“ ја објавува следната реакција од Сторе: „Можам да потврдам дека ова е порака што ја добив во недела попладне од претседателот Трамп. Таа дојде како одговор на кратката порака до претседателот што ја испратив претходно истиот ден во мое име и во име на претседателот на Финска, Александар Стаб.“

Пораката на Трамп, која стигна и до неколку европски амбасадори во Вашингтон, прв ја објави новинарот на PBS, Ник Шифрин. Пораката предизвика неверување во Норвешка. Медиумите постојано истакнуваат дека норвешката влада нема никаква врска со доделувањето на Нобеловата награда.

Трамп очигледно не ја преболел одлуката на Нобеловиот комитет во декември да ја додели наградата за мир за 2025 година на венецуелската опозициска политичарка Марија Корина Мачадо, иако таа лично му го врачи златниот медал на Нобел во Вашингтон пред неколку дена.

Во меѓувреме, Нобеловиот комитет повтори дека „оригиналниот лауреат останува во историјата како добитник на наградата, дури и ако медалот или дипломата подоцна дојдат во посед на некој друг“. Лауреатот не може да ја сподели наградата со други, ниту пак може да се пренесе откако ќе биде доделена. Нобеловата награда за мир, исто така, никогаш не може да се одземе.

„Во пораката до Трамп, го пренесовме нашиот став против неговите царини насочени кон Норвешка, Финска и други земји. Ја нагласивме потребата од деескалација на размената на зборови и побаравме телефонски разговор меѓу Трамп, Стаб и мене во текот на денот. Одговорот на Трамп дојде кратко откако ја испративме пораката. Изборот на Трамп беше да ја сподели пораката со другите лидери во земјите од НАТО“, изјави Сторе за VG:

„Ставот на Норвешка за Гренланд е јасен. Гренланд е дел од Кралството Данска и Норвешка целосно го поддржува во ова прашање. Во врска со Нобеловата награда за мир, постојано му ставам до знаење на Трамп она што е добро познато, дека наградата ја доделува независен Нобелов комитет, а не норвешката влада“, заклучи тој.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во времето на СДС, институциите на државата не служеа на граѓаните, туку на задоволување на бизнис апетитите на Зоран Заев и Венко Филипче. Заев и Филипче, ја користеле целата политичка и институционална моќ, за да вршат директен притисок врз др. Митрев со цел неговата приватна клиника да биде преземена по багателна цена. Дека тандемот Заев- Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев посведочи самиот тој во интервју на телевизија. Во период кога против др. Митрев се водел судски процес, а биле блокирани неговите лични средства и сметките на болницата, во исто време му наметнале и забрана за располагање со удели. Но, по интересот за откуп на болницата од страна на Заев како тогашен премиер и Филипче како министер, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, брзината и тајмингот јасно укажуваат на политичко влијание и директна злоупотреба на обвинителството од страна на тогашната власт на Заев и Филипче.

Институциите наместо да постапуваат непристрасно, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тие од страна на Заев и Филипче биле користени како средство за притисок и принуда.

„Најскандалозно од се е тврдењето дека на др. Митрев му била понудена спогодба, продажба на клиниката по цена под пазарната вредност, во замена за олеснување или ослободување од обвиненија. Ова е доказ за груба злоупотреба и тргување со правдата од страна на Заев и Филипче. Ова е вистинска слика за СДС и нивното владеење, за Заев и Филипче. Рекет, принуда, притисок, тендери во четири очи, проценти, тоа се начините на делување на кланот Заеви и нивниот спотер што ја чува фотелјата на Бихачка, Филипче. ЈО да постапи и да ги испита сите наводи, без заштита и без калкулации. Доста е од неказнивост. Време е Заев и Филипче да одговараат за секоја злоупотреба, секој притисок и секој криминал што го направија додека ја држеа државата како личен имот. Македонија мора да расчисти во ваквите криминални практики. Законот мора да важи за сите особено за оние кои мислат дека се недопирливи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет42 минути

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет2 часа

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија2 часа

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет3 часа

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ3 часа

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија3 часа

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија17 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет19 часа

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија20 часа

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија21 час

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ23 часа

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија23 часа

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија1 ден

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет1 ден

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија2 дена

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија2 дена

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ2 дена

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...